Јован Митрески

македонски политичар From Wikipedia, the free encyclopedia

Јован Митрески
Remove ads

Јован Митрески (20 ноември 1980 во Струга) — македонски политичар и економист. Во јануари 2024 година, тој бил избран за претседател на Собранието на Македонија.[1][2]

Кратки факти Јован Митрески, Потпретседател на Собранието на Македонија ...
Remove ads

Животопис

Јован Митрески е роден во 1980 година во Струга. Основното образование го завршува во родниот град, а средното образование во соседниот Охрид. Во 2004 година дипломира на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.[3] По дипломирањето работи како сметководител, а од 2007 година е професор по стручни економски предмети во ДСУ „Нико Нестор“ – Струга.[4]

Митрески едноподруго е избиран за пратеник во Собранието од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на парламентарните избори во 2014, 2016 и 2020 година. Во вториот и третиот мандат е координатор на пратеничката група на коалицијата предводена од СДСМ.

На 26 јануари 2024 година Митрески е избран од мнозинството пратеници со 64 гласови „за“ и 40 гласови „против“ за претседател на Собранието. Тој го наследува Талат Џафери, кој има мандат за формирање нова влада која согласно Пржинскиот договор ќе функционира до парламентарните избори закажани за 8 мај.[5]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads