Баланци

село во Општина Центар Жупа From Wikipedia, the free encyclopedia

Баланциmap
Remove ads

Баланци — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Името на селото првпат е забележано дури во XIX век како Баланце. Името доаѓа од личното име Балан (што се поврзува со имињата Балдовин, Братислав, Братољуб, Благомир и Благољуб) или пак од романското лично име Балан плус суфиксот -ци. Како друга варијанта е дека може да е остаток од античкиот македонски јазик бал(а) што означува „брезо животно“, а на романски и албански јазик „бал“ означува бел.[2]

Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено во областа Дебарска Жупа.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 735 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 9 километри.[3]

До дел од селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249, кој поминува низ горниот понов дел на селото.

Историја

Подрачјето на Баланци е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Црква во неговата околина.[4]

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 2,9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 156,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 85,9 хектари, а на пасиштата само 30,9 хектари.[3]

Селото, во основа, нема некоја развиена аграрна функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 28 домаќинства со 42 жители муслимани (Албанци) и 35 христијани (Македонци).[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Баланци живееле 295 жители, сите Албанци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци.[8]

Во 1961 година селото броело 579 жители, од кои 536 биле Турци, а 43 Албанци, а во 1994 година 359 жители, од кои 351 биле Албанци, а четири жители Турци.[3]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Баланци, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[б 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Баланци живееле 432 жители, од кои 9 Македонци, 422 Албанци и 1 останат.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 165 жители, од кои 149 Албанци, 4 Турци и 12 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads

Самоуправа и политика

Thumb
Поглед на селската џамија

Кон крајот на XIX век, Баланци било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Паирадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0560 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Центар Жупа.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 459 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 489 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
  • Црква — средновековна некропола.
Џамии[18]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads