Бачево
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бачево (бугарски: Бачево) — село во областа Разлог, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Мехомија (Разлог) на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Remove ads
Географија
Село Бачево се наоѓа на 6 километри од градот Разлог во планинскиот крај, во јужните делови на Рила, 52 километри од Благоевград и 156 километри од Софија. Крај селото се наоѓаат Бачевските минерални води.
Историја
Отоманско Царство
Името Бачево за првпат се споменува во османлиски регистар од 1576 година.[2][3]
Во текот на XIX век, селото било населено со муслимани и било во составот на Неврокопската каза на Серскиот Санџак во рамките на Отоманското Царство. Царквата „Свети Димитар“ била изградена во 1835 година. Во истата 1835 година поп Теодосиј го отворил училиштето во селото.[4]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Бачево (Batchévo) живееле 167 домаќинства со 320 помаци и 320 Македонци.[5][6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 650 жители Македонци, 570 муслимани, 60 Власи и 65 Роми.[5][7]
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 13 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[8]
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Remove ads
Население
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[9]
Број на население | |
Вкупно | 1617 |
Бугари | 660 |
Турци | - |
Роми | - |
Останати | - |
Не се определиле | 8 |
Без одговор | 109 |
Личности
|
- Родени
- Магдалена Македонска
- Атанас Попстојанов (1894 – 1923), деец на БЗНС
- Благо Прангов (р. 1933), бугарски писател
- Георги Атанасов Манушкин (1878 – 1923), револуционер на ВМОРО и деец на БКП
- Иван Г. Ангелов, член на Македонско-одрински доброволни чети[10]
- Иван Арсенов, член на Македонско-одрински доброволни чети[11]
- Јордан Цветков, учител
- Коста Ганџов (1866 – 1912), револуционер на ВМОРО
- Костадин Атанасов Манушкин (1872 – 1912), револуционер на ВМОРО
- Костадин Прангов, учител в родното си и околните села околу 1860 година
- Крсто Рашев, револуционер на ВМОРО
- Никола Манушкин (1867 – след 1943), револуционер на ВМОК
- Петар Иванов Манушкин (1921 – 1944), комунист, секретар на РМС в селото[12]
- Росица Тоткова (р. 22 октомври 1953), политичар од партијата на СДС
- Починати
- Атанас Попстоянов (1894 – 1923), деец на БЗНС
- Георги Атанасов Манушкин (1878 – 1923), револуционер на ВМОРО и деец на БКП
- Коста Ганджов (1866 – 1912), македонски револуционер
- Костадин Манушкин (1872 – 1912), македонски револуционер
- Поврзани со селото
- Георги и Коста Пенджекови, учители во селото по 1860 година
- Стојан Иванов, свештеник и учител во селото
- Костадин Катранџиев (1896 – 1944), македонски револуционер
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads