Башали
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Башали — село во Општина Валандово, југоисточна Македонија. Денес нема жители.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Бојмија, помеѓу планините Плавуш на исток и Градешка Планина на запад. Атарот зафќа површина од 8 км2.[3]
Под селото, во југозападен правец тече Башалиска Река, која потоа прима разни притоки за понатаму да се нарече Аразлиска Река и да заврши како лева притока на Вардар меѓу Удово и Ѓулели на 8 км југозападно од Башали.
Историја
На крајот од XIX век Башали било претежно турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа 8 км2.
Население
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бахчели (Bahtchely) имало 90 домаќинства сочинети од 168 муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Бахчели имало 344 жители, од кои 320 Турци и 24 Роми.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 100 Турци.[6]
Во последните децении на XIX век селото доживеало голем раст, кој траел и во почетокот на XX век. Ова подоцна се променило во 1950-тите кога е забележан е многу значен пад на населението, што се должи на иселувањето на Турците од Македонија. Селото продолжило да се празни и во 1960-тите, така што до крајот на деценијата не останал ниту еден Турчин. Интересно е да се забележи дека на пописот од 1971 г. во Башали се заведени 57 лица, од кои сите под графата „останати“.[7] Нејасно е дали станува збор за грешка или некакво привремено сместување на друго население. Во текот на следните години селото сосема се испразнило. Според пописот од 2002 година, Башали немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads