Бајрам Шабани
македонски првоборец и народен херој на Југославија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бајрам Шабани (14 октомври 1922 во Липково — 14 октомври 1941 во Белановце) — учесник во НОВ во Македонија, првоборец и народен херој.[1]
За народен херој на Југославија бил прогласен на 10 октомври 1951 година.[2][3]
Remove ads
Животопис
Потекнува од сиромашно селско семејство кое во Липково немало доволно земја за обработување. Сирак од шестгодишна возраст, од својата петнаесетта година работел во Куманово како земјоделски и градежен работник и како ковач. Во 1939 година се вклучил во синдикалното движење, а во летото 1941 година станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ).[4]
Во септември 1941 година, Шабани е дел од групата која, по наредба на кумановската партиска организација, го проучува просторот на делување на Карадачкиот партизански одред. При престојот на групата во селата, Шабани на албански јазик ги убедуваше своите соговорници дека бугарската власт е ненародна и дека ги пљачкосува и Албанците и Македонците.[5]
На 12 октомври 1941 година кога се формира Карадачкиот партизански одред, Шабани станува борец на одредот. Загинал по два дена, во борба со бугарската војска и полиција во атарот на с. Белановце, Кумановско, држејќи отстапница на своите другари. Во моментот кога ја фрлил последната бомба, бил погоден од митралески оган и паднал мртов.
За народен херој бил прогласен на 10 октомври 1951 година.[2]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads