Белановце
село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Белановце или Белановци — село во Општина Липково, Кумановско.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во северниот дел на општината, во сливното подрачје на Липковска Река. Лежи во планински предел, на надморска височина од 940 м. Атарот зафаќа површина од 9,4 км2, и на север се граничи со Косово (Општина Гнилане).[2] Како село од разбиен тип, Белановце се состои од маала, меѓу кои Дервишка, Саласка и Јашарска. Низ селото тече Белановска Река, која продолжува во југоисточен правец и добива други имиња со примањето на разни притоки, за да заврши како притока на Липковска Река.
Низ селото минува регионалниот пат од Опае со граниниот премин „Станчиќ“ (Р29272).
Remove ads
Историја
Подрачјето на селото е населено уште од доцноантичкото време, за што сведочи гробот пронајден во наоѓалиштето околу селото.[3]
Во близина на денешно Белановце, веројатно од неговата јужна страна, се наоѓало средновековното село Архилевица, каде деспотот Дејан подигнал своја родова црква — задолжбина. Во Првата архилевичка грамота од 1354/5 г. царот Стефан Душан ги потврдува и дополнува даровите на Дејан во полза на црквата. Во Втората архилевичка грамота од 1381 г. синот и вдовицата на деспотот Дејан, Константин Дејанов и Евдокија, ја подариле црквата и нејзиниот имот на манастирот Хиландар во Света Гора.[4]
Во 1591 г. во селото е изградена црква „Св. Никола“.[2]
За време на Народноослободителната војна на 14 октомври 1941 г. крај селото е разбиен Карадачкиот партизански одред од страна на бугарски единици на 53. пешадиски осоговски полк и полицијата. Во селото стои споменик во чест на паднатите борци.
Remove ads
Стопанство
Белановце има полјоделско-шумарско стопанство. Располага со 698,2 ха шуми, 137,9 ха обработливо земјиште и 40 ха пасишта.[2]
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[5]
Интересно е да се напомене дека на пописот од 1953 г. во селото имало 361 Турчин и само 53 Албанци. Ова се сменило во текот на 1950-тите, кога половината од Турците заминале, а на нивно место се доселиле Албанци, и со тоа станале приближно еднакви по бројност. Во следната деценија останале само 8 Турци, а сите други жители биле Албанци, за понатаму селото да стане чисто албанско.[6]
Според пописот од 2002 г. селото имало 7 жители, сите Албанци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Според истражувањата од 1941 година, родови во селото биле:
- Староседелските Турци не се забележани, доколку статистичките податоци се исправни.
- Доселеници: Асови (12 к.), Јашарови (7 к.), Салаови (15 к.), Џаферови (7 к.), Османови (6 к.) и Дервишови (7 к.). Сите потекнуваат од ист предок и од фисот Гаш. Најстариот предок на сите овие родови бил некојси Беле, кој дошол во селото како католик од северна Албанија. На ислам преминувале постепено во XIX век. Беле имал 6 синови. Во родот Асови се знае следното родословие: Ферат (жив во 1941 година) Бељул-Ајдин-Даут-Куртиш-Мамут-Асан-Беле, најстариот предок.[11]
Remove ads
Општествени установи
- Селска џамија
- Основно училиште
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Белановце — гроб од доцноантичко време
Личности
- Починати во Белановце
- Бајрам Шабани, народен херој
Иселеништво
Албанското население од ова село е иселено во Оризари, Орланци, Куманово, Турција, Скопје. Черкеско Село, Руѓинце.[11]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads