Бегоња Фернандес

шпанска ракометарка From Wikipedia, the free encyclopedia

Бегоња Фернандес
Remove ads

Бегоња Фернандес Молинос (родена на 22 март 1980, Виго, Шпанија) е шпанска ракометарка која игра во македонскиот клуб ЖРК Вардар СЦБТ, и за женската ракометна репрезентација на Шпанија.

Кратки факти Лични податоци, Име и презиме ...
Remove ads

Животопис

Спортска кариера

Бегоња Фернандес Молинос ја започнала професионалната кариера во 1998 година, во екипата на "Милар Елиана Валенсија", која тогаш играла во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Од 2005 до 2008 година, Фернандес настапувала за "Елда Престихио". Најголем дел од кариерата, вкупно шест сезони, Фернандес настапувала за екипата на "Ичако", со која во 2011 година играла во финалето на Лигата на шампионите. Во 2013 година, Фернандес преминала во екипата на "ЖРК Вардар СЦБТ", а претходно една полусезона поминала во "Зајечар" од Србија.

Фернандес е репрезентативка на Шпанија. Со репрезентацијта на Шпанија, Бегоња Фернандес освоила сребрен медал од ЕП 2008 и бронзен медал од ОИ во Лондон. На ЕП 2008, одржано во Македонија, Фернандес била прогласена за најдобар пикер во Европа. Една година подоцна, Фернандес повторно била прогласена за прв пикер во најдобриот тим на СП 2009, одржано во Кина.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads