Безово
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Безово — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.
Remove ads
Потекло на името
Името на селото првпат е споменато како „Безово“ во 1467 година. Името потекнува од личното име „Безе“ или „Безо“.[2]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на источните огранки на планината Јабланица.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 760 до 860 метри. Се наоѓа три километри на левата страна на регионалниот пат Струга-Дебар, а од самиот град Струга е оддалечено 23 километри.[3]
Селото се наоѓа во областа Дримкол, на источните падини под врвот Радук на планината Јабланица. Оддалечено е 33 километри јужно од Дебар.
Remove ads
Историја
Во XIX век, Безово било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 2,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 124,7 хектари, на пасиштата отпаѓаат 64,3 хектари, а на обработливото земјиште само 38,9 хектари.[3]
Селото, во основа, има мешовита функција.[3]
Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства и 118 жители мажи.[4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Безово имало 180 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Безово имало 192 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
Селото е мало, со негативно популациско салдо. Во 1961 година селото броело 179 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 67 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Безово живееле 54 жители, од кои 53 Македонци и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 18 Македонци и 4 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Безово е македонско село.
Според истражувањата од 1935 година родови во селото се:
- Староседелци: Васковци (5 к.), Митановци (1 к.) и Митровци (1 к.)
- Доселеници: Зетараковци или Затарковци (1 к.) се сметаат за староседелци, но во селото е општо предание дека се доселени од страна, и дека потекнуваат од домазет доселен од Стеблево или Модрич, старото име им е Цацановци; Вељановци (4 к.) по потекло се од селото Присовјани во Струшка Малесија, најпрво се населиле во Нерези, па во Безово; Битолковци (3 к.) доселени се од Битола, а таму се доселени од некое место во Бугарија; Цветановци (5 к.) и Лазаревци (1 к.) доселени се од селото Јабланица; Павлевци (6 к.) доселени се, но не знаат од каде.[14]
Remove ads
Општествени установи
- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Безово, се наоѓале и селата Јабланица, Лакаица, Луково, Нерези и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Безово било дел од некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Безово, Луково, Нерези и Пискупштина.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 1889 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[15]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 51 гласач.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[17]
- Свети Димитрија — сакрална грдба од доцноантичко време.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
Редовни настани
- Митровден — селска слава
Личности
- Родени во Безово
- Марко Павлов — македонски војвода
- Милош Павлов (?-1906) — македонски војвода
Галерија
- Поглед на Безово
- Куќи во Безово
- Селската чешма
- Поглед на Безово
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads