Бекирлија

село во Општина Лозово From Wikipedia, the free encyclopedia

Бекирлијаmap
Remove ads

Бекирлија (турски: Bekirli, Бекирли) — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Името на селото има турско потекло. Всушност е составено од два дела, личното име Бекир и наставката -ли, каде оваа наставка во турскиот јазик се користи за означување на нечије место. Кога сето ова би се превело на македонски јазик, би имало значење во смисла на: “место каде што живее Бекир”.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на најјужниот дел од територијата на Општина Лозово, недалеку од устието на реката Светиниколска или Азамак, во Брегалница. Селото е рамнинско, на надморска височина од 230 метри. Од патот Штип-Велес населбата е оддалечена 15,3 км, а од централното место Свети Николе 36,3 км.

Историја

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот се допира со териториите на општините Штип и Велес. Тој зафаќа простор од 16,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површината од 892,9 ха, обработливото земјиште зазема површина од 510,8 ха, а на шумите отпаѓаат 114,3 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 270 Турци.[3] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[4]

Селото е мало и во фаза на раселување, бидејќи Турците што живееле во него, во значителен број се иселиле во Турција. Во 1961 година броело 116 жители, од кои 77 биле Албанци, а шест жители Турци, додека во 1994 година имало само 15 жители, населено со турско население.

Според пописот од 2002 година, населението на Бекирлија броело 5 жители, сите Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Турчин.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови

Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се:

  • Турски родови
    • Доселеници: Раимови (1 к.) остаток од некогашните побројни турски родови.
  • Влашки родови
    • Доселеници: Ѓорѓиеви (1 к.) доселени се во 1912 година; Сотирови (1 к.) и Бошкови (1 к.) доселени се во 1956 година.[9]
Remove ads

Самоуправа и политика

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1709 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа на селото Кишино.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Во ова село е сниман документарниот филм Медена земја, каде освоил многу награди на европските и американските кинофестивали и бил единствениот филм на фестивалот „Санденс“ во 2019 г. што освоил три награди. Исто така, филмот бил предложен на 92-та церемонија на Оскарите во категориите за најдобар меѓународен филм и за најдобар документарен филм.[12][13] Со ова постигнување, тој е единствениот документарен филм во историјата што добил две номинации во уште една категорија, освен таа за документарни филмови. Исто така, тој е вториот македонски филм, по Пред дождот на Милчо Манчевски од 1994 година, кој бил предложен за наградата „Оскар“.

Remove ads

Иселеништво

Значителен број од неговите жители се иселиле во Турција.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads