Кишино

село во Општина Лозово From Wikipedia, the free encyclopedia

Кишиноmap
Remove ads

Кишино — село во Општина Лозово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Сландол, меѓу Брегалница и Вардар. Од градот Велес е оддалечено 14 километри во југоисточен правец.

Историја

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 480 Турци.[2] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци.[3]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 22 жители, Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, од кои 2 Албанци и 6 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1709 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Бекирлија.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[11]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads