Белоруски дијалекти

From Wikipedia, the free encyclopedia

Белоруски дијалекти
Remove ads

Белоруските дијалекти, или дијалектите на белорускиот јазик, се поделени на две основни групи: североисточни и југозападни дијалекти. Овие две групи се поделени меѓусебе од среднобелоруските дијалекти. Дијалектите на белорускиот јазик се разликуваат еден од друг по акањето, присуството на тврдото „р“ во сите позиции, или во одредени ситуации, или мешањето на тврдото „р“ со мекото, присуството или отсуството на дифтонзи, ѕекање и цекање, мешање на „ч“ и „ц“ и така натака. Некои од дијалектите претставуваат преодни говори кон соседните украински или руски дијалекти.

Thumb
Дијалекти на белорускиот јазик[1]:
  североисточни
  југозападни
  среднобелоруски

  полески

Линии:
  граница на белоруските говори (1903, Карски)
  источна гранича на западните руски говори (1967, Захарова, Орлова)
  граница на белоруските и украинските говорои (1980, Бевзенко)

Огромен придонес кон изучувањето на особините на белоруските говори дал академикот на Руската императорска академија Ефимиј Фјодорович Карски. По завршувањето на Втората светска војна, Институтот за лингвистика при Националната академија на Белорусија, заедно со Белорускиот државен универзитет и Педагошкиот институт на Белорусија организирале подробно и систематско изучување на белоруските дијалекти во границите на Република Белорусија. На основа на собраните материјали бил составен подетален „Дијалектолошки атлас на белорускиот јазик“[2], „Лингвистичка географија и групирање на белоруските говори“[3], не сите јазици во светот и не сите јазици во Европа имаат таква подробно зацврстување на научниот труд во областа на дијалектологијата.

Remove ads

Класификација

Во белорускиот јазик опстојуваат следниве дијалекти и говорни групи[4][5]:

  • североисточни — витебска област, североисточнуит и централниот дел на могиловската област
    • витебски дијалекти — истокот на витебската област
    • полоцки дијалекти — западен и централен дел на Витебската област и северозападниот дел на Могиљовската област
    • источномогиљовски дијалекти — исток и дел од централниот дел на Могиљовската област
  • среднобелоруски дијалекти — од север од Гродненската, центарално преку Минската, кон југозапад кон Моголевската и североисточно кон Гомелската област
  • југозападни дијалекти — Гродненска област, југот на Минската и Гомелската област
    • гродненско-барановички дијалекти — Гродненска област и северот на Брестската област
    • слуцки дијалекти — југ и југоисток на Минската област, Гомелска област
    • мозирски дијалекти — југ на Гомелската област
  • полески дијалекти — југозападот на Брестската област
Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads