Бело Поле (Пиринско)
село во Горноџумајско, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бело Поле (бугарски: Бело поле) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Кресна на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Remove ads
Историја
Рана историја
Се претпоставува дека селото е наследник на античка римска населба. Извршени се археолошки ископувања при кои биле пронајдени монети од времето на Римската Република. Според една легенда, првите доселеници (и според друга верзија на легендата - патувачки трговци) на ова место пронашле ливади со бели цветови. Оттаму потекнува неговото сегашно име, Бело Поле.
Отоманско Царство
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 84 жители, сите Македонци.[2][3]
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[4]
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Бело Поле се наоѓа во западното подножје на Рила. Се наоѓа на левиот брег на реката Струма. Релјефот е ридски и постепено преминува во рамен. Климата е минлива. Почвите, растенијата и животните се карактеристични за овој дел на Бугарија. Крај Бело Поле минуваат главниот пат Е 79 и железничката линија Софија - Кулата. Има и железничка станица. Поради близината до Благоевград и важните сообраќајни врски, селото е вклучено во редовните автобуски линии за јавен превоз на патници во градот. Најблиска населба е селото Рилци.
Remove ads
Стопанство
Атарот на селото зафаќа површина од 2.584км².
Население
![]() |
Според пописот од 2021 година, селото имало 561 жител, со густина на населеност од 217.1/км².
Во пописот од 2011 година имало 613 жители, што значи дека во текот на една деценија има стапка на пад на население од -0.83%.[7]
Remove ads
Самоуправа и политика
Поштенски код на селото е 2709.
Редовни настани
Од 15 август (Успение на Пресвета Богородица) 2004 г. во селото, на овој датум, секоја година се одржува собир поради црквата во селото (официјално активна од 12 септември 2010 г.), која го носи истото име. На програмата се книжевни и музички изведби.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads