Битолски партизански одред „Пелистер“

From Wikipedia, the free encyclopedia

Битолски партизански одред „Пелистер“
Remove ads

Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ (формиран над селото Лавци, Битолско, на 22 април, разбиен во Ореовската корија, кај селото Ореово, Битолско, на 3 мај 1942) бил прв партизански одред формиран во битолската околија. Во неговиот состав влегле 21 борец.[1] Одредот главно вршел обука на борците.

Thumb
Спомен плоча на местото каде што е формиран Битолскиот партизански одред „Пелистер“
Thumb
Спомен плоча на местото каде што е разбиен Битолскиот партизански одред „Пелистер“
Thumb
Споменик за Битолскиот партизански одред „Пелистер“ во селото Ореово

На 1 мај командирот на одредот, Ѓорѓи Наумов, со уште двајца борци, Никола Георгиевски и Стефан Трајковски, се оддалечиле од логорот и паднале во рацете на бугарска патрола. Одредот се повлекол подлабоко во шумата, но на 3 мај бил сместен и опколен од бугарската војска. Поради апсењата и испраќањето борци да воспостават врска, во моментот на битката одредот броел 12 борци.[2] Во нерамна битка одредот бил разбиен, при што загинале шест борци (Димитар Николовски, Јоска Јорданоски - Сандански, Ордан Михајлоски, Елпида Караманди, Мара Јосифовска и Димче Хаџипоповски),[3][4] а Венда Христова била уапсена.[5] Вкупно биле уапсени 11 борци, а преостанатите четворица борци успеале да се илегализираат во Битола. Во битката, бугарската војска и полиција имале околу 30 загинати и ранети.[6]

Битката на одредот со бугарската војска е опеана во познатата партизанска песна „Таму ле, мајко, близу Битола“, напишана од Ајри Демировски (1950).[7]

Remove ads

Борци

Во состав на одредот влегле:[8][9][10]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads