Орехово
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Орехово или Горно Орехово — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Remove ads
Географија и местоположба
Историја

Во близината на селото на 3 мај 1942 година бил разбиен првиот битолски партизански одред „Пелистер“.
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орехово живееле 260 жители, сите Македонци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Ореово се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 9 куќи.[4] Истовремено Бугарско Ореово се води како чисто македонско село во Битолската Каза со 31 куќа.[5][6]
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орехово имало 240 Македонци, патријаршисти.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, селото Орехово брои 23 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Орехово е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелци: Србиновци (12 куќи), Бубало (3 куќи) и Туфте (1 куќа), Нивните предци живееле во месноста Магарево, по патот за накај Буково;
- Доселеници од непознато место: Амиџовци (5 куќи), Димковци (3 куќи), Анаќијевци (5 куќи), Ѓулевци (4 куќи), Јаневци (6 куќи), Мажевци (5 куќи), Ѓирковци (4 куќи), Пановци (4 куќи), Јанкуловци (4 куќи), Трпевци (2 куќи) и Чедевци (1 куќа), родовите Амиџовци и Димковци потекнувале од ист предок, и родовите Анаќијевци и Ѓулевци потекнувале од ист предок.[14]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0128 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на старата зграда на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[17]
- Црква „Св. Петка“ — главната селска црква изградена во 1861 година;
- Археолошки наоѓалишта
- Кале — населба од доцноантичко време;[18]
- Маркова Стапалка — наоѓалиште од непознат тип и период;[19]
Редовни настани
Личности

- Теодора Стефанова — гркоманска андартка, четничка на Георгиос Диконимос;
Култура и спорт
Иселеништво
Постари иселеници од селото до 1951 година имало во Северна Америка и во Австралија.[14]
Иселеништвото продолжило и потоа и иселеници има во Битола, прекуокеанските земји и во европските земји.[21]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads