Благој Истатов

фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Благој Истатов
Remove ads

Благој Истатов (роден на 5 април 1947 година во Струмица - 27 септември 2018 година во Струмица ) — македонски поранешен фудбалер, кој играл на позицијата голман.

Thumb
Спомен седница во чест на Благој Истатов.
Кратки факти Благој Истатов, Лични податоци ...
Remove ads

Фудбалска кариера

Благој Истатов е роден на 5 април 1947 година во Струмица. Како мал се занимавал со борење, за да во 1963 година започне да настапува за ФК Беласица. Својата играчка фудбалска кариера ја завршил во 1983 година, а како проштален натпревар му бил против ФК Партизан на стадионот Младост во Струмица.

За ФК Беласица настапувал до 1968 година, кога потпишал за ФК Победа од Прилеп, и за која екипа имал одиграно 31 натпревар. Во 1973 година потпишал за белградски ФК Партизан, за која екипа имал одиграно 44 натпревари, и со оваа екипа го има освоено првото место во сезоната 1975-1976 година во Југословенската прва фудбалска лига. Од 1976 до 1978 година настапувал за ФК Утрехт.

Истатов има настапувано и за Фудбалската репрезентација на Југославија.

Remove ads

Тренерска кариера

Кариерата ја завршил во ФК Беласица, по кое станал и нејзин тренер, време кога ФК Беласица доживеала голем успех во тогашната Втора југословенска фудбалска лига. Во следните години, Благој Истатов тренер и на ФК Малеш, ФК Дојранско Езеро, ФК Скопје. Освен тоа бил и тренер и на голманите на Фудбалската репрезентација на Македонија, како дел од стручниот штаб на македонската репрезентација, член на УО на ФФМ.

Remove ads

Приватен живот

Во последните години од животот Истатов живеел и работел во Дојран, каде основал фудбалска школа во Дојран, а во 2010 година истото го направил и во Струмица (Градско Балдовци). Школата на Истатов е под патронат на Партизан и има потпишано долгогодишен договор за соработка во месец август 2010 година[1]. Како стопанственик го поседувал и Хотел „Истатов“ во Нов Дојран.

Истатов починал на 27 септември 2018 година.[2]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads