Градско Балдовци

село во Општина Струмица From Wikipedia, the free encyclopedia

Градско Балдовциmap
Remove ads

Градско Балдовци — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Влезот на црквата Свети Илија
Thumb
Влезот на црквата Свети Никола
Thumb
ОУ „Никола Вапцаров“

Градско Балдовци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 3 километри. Поради блискоста со градот, селото е наречено Градско Балдовци.

Надморската височина во селото е 223 метри а површината на селото изнесува 432 ха.

Селото се граничи со Струмица, Куклиш, Сачево, Дабиле.

Remove ads

Историја

Името Градско Балдовци било образувано од машкото лично име Балдо и наставката "вци" - Балдовци. Поради блискоста до градот, со текот на времето именката Балдовци била додадена посвојната придавка Градско, па селото денес е познато како Градско Балдовци[2].

Потеклото на селото не е утврдено, но се споменува дека во него порано живеело македонско и турско население. На споменатата Етнографска карта од 1912 година селото е обележано со повеќе муслиманско одошто христијанско население. Според статистиката на Стефан Верковиќ, во 1889 година селото имало 523 жители.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Балдовци се состоело од 35 семејства со 90 жители Македонци и 10 Роми[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Балдовци имало 240 жители Македонци и 25 Турци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 216 Македонци и 18 Роми[3][6].

Remove ads

Стопанство

Претежно занимање на населението е земјоделство и сточарство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 308 ха[7].

Демографија

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[8]

Поради својата добра местоположба во Струмичко Поле, во населеното место Градско Балдовци се забележува постојан пораст на населението. Во 1853 година селото имало 437 жители, од кои 423 Македонци и 14 Турци, во 1961 населението се зголемило на 498, од кои 481 Македонец, 9 Турци и 8 Срби, во 1971 година бројот на населението изнесувал 532 жители (91 семејство), во 1981 година - 133 семејство и 651 жител, 1991 - 190 семејства и 776 жители, во 1994 - 203 семејства и 732 жители, од кои сите Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 755 жители, сите Македонци и 239 домаќинства.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 626 жители, од кои 552 Македонци, 1 останат и 73 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1760 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 642 гласачи.[16]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 652 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

Култура и спорт

  • Постои фудбалски клуб Тркања кој од 2014 година го носи името Спартмани.[18]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads