Благоје Марјановиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Благоје Моша Марјановиќ (Белград, 9 септември 1907 - Белград, 1 октомври 1984) бил поранешен српски и југословенски фудбалер.

Биографија
Благоје е роден во Белград од татко Димитрије, трговец, и мајка Софија.[1] Како младинец започнал да игра фудбал во третата екипа на младинците на Југославија. Најголемиот пронаоѓач на таленти од тоа време, Раденко Митровиќ го забележал „Моша“ и го однел во екипата на БСК. Снимено било сведочењето на Моша за неговата прва средба со фудбалската топка: „Во време на моето детство кое го поминав во Белград во општината Палилула, каде што сум и роден, најпрво знаевме за џамлии и за клис. Тоа беа нашите игри. И во тие игри бев најдобар. Некој нѐ однесе кај портата на Светосавската црква (денешниот храм на Свети Сава) да видиме како некои деца бркаат некоја надувана кожа. Таа играчка се нарекувала топка. Возбудени и љубопитни, мојот брат Никола, неколку момчиња од нашиот крај и јас заедно со нив, отидовме да го видиме тоа чудо. Топката не запрепасти. Жива, нескротлива, чудно потскокнуваше, леташе низ воздухот...Тоа ни причинуваше задоволство. Веднаш одлучивме да собереме средства и да купиме топка. Шетавме низ градот и во Балканската улица најдовме продавница, која во тоа време продаваше кожни топки. Не се ни сомневав дека токму таа топка ќе ја одлучи мојата судбина. Поточно, фудбалот е мојот живот! Од тие детски денови па сѐ до денес, фудбалот за мене претствува центар на светот“. Благоје „Моша“ Марјановиќ
Тој играл на позицијата центарфор и десната полутка (десен играч за врска) и заедно со Александар Тирнаниќ ја формирал познатата десна страна на репрезентацијата на кралството Југославија и на екипата на БСК. Својот прв натпревар за репрезентацијата го имал на 28 јуни 1926 година на пријателскиот натпревар против селекцијата на Чехословачка (2:6), одигран во Загреб. За првпат се запишал во листата на стрелците на 15 мај 1927 година против репрезентацијата на Бугарија, во Софија кога ги постигнал единствените два гола во последните пет минути од натпреварот.
Благоје бил учесник на Светското првенство во Уругвај во 1930 година. Тој настапил на сите три натпревари што таму ги одиграла репрезентацијата. На вториот натпревар против селекцијата на Боливија (4:0) бил стрелец на вториот гол. Репрезентацијата на Југославија го завршила натпреварувањето на тоа првенство во полуфиналето со пораз од селекцијата на Уругвај со резултат од 6:1. Од тоа светско првенство бил донесен бронзениот медал.[2] Последниот натпревар во дресот со националниот амблем го одиграл на 3 април 1938 година против репрезентацијата на Полска, во квалификациите за Светското првенство. Тогаш Марјановиќ го постигнал единствениот гол на натпреварот. Трипати бил најдобар стрелец на првенството на Југославија, во 1930, 1936 година и 1937 година. Сепак, херој на натпреварот бил Бранислав Секулиќ, кој постигнал три гола. Натпреварот Југославија - Полска 4:1 (2:0), одигран на 26 август 1934 година во Белград, пред 12 илјади гледачи. Три месеци претходно, на гостувањето во Белград, на 3 јуни 1934 година, бразилската репрезентација го претрпела најголемиот пораз во 20 век (8:4), а Моша тогаш постигнал три гола. По Светското првенство, екипата на БСК започнала да ги исплаќа своите играчи. Плата земале само Моша Марјановиќ и Александар Тирнаниќ, со што станале првите професионалци во југословенското првенство. Моша земал висока плата за тоа време, тогашни 1.800 динари (денешни 17 долари), што било за 300 динари повеќе од Тиркет (Александар Тирнариќ). За време на војната, Марјановиќ бил во заробеништво во Германија.[3]
Тренерската кариера ја започнал во екипата на БСК, која ја предводел три сезони од клупата. Првиот трофеј како тренер го освоил на во купот во 1953 година по победата од 2:0 над екипата на Хајдук од Слит. Во сезоната 1954/55 составот на БСК бил второпласиран, а истата година го освоил и купот, откако победил со истиот ривал и истиот резултат како и претходниот пат. Подоцна, тој заминал во Италија на две години, каде најпрво бил тренер на екипата на Торино, а потоа и на составот на Катанија. Од 1960 година бил тренер на ФК ПОБЕДА од Прилеп. Кога се подготвувал да ја продолжи тренерската кариера во Каиро, во 1961 година доживеал мозочен удар, со чии последици се борел цели 20 години, до крајот на животот.[1]
Благоје се оженил во 1938 година со Планинка Ќулиќ и ги добил синот Зоран и ќерката Вишња.[1] Прекарот Моша го добил поради неговата брановидна коса.[1]
Голови за репрезентацијата
Remove ads
Признанија
- Орден на Свети Сава, 5 степен (Кралство Југославија).[б 1]
Белешки
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads