Блекинге

From Wikipedia, the free encyclopedia

Блекинге
Remove ads

Блекинге (швед. Blekinge) е традиционална покраина (landskap) во јужниот дел на Шведска. Се граничи со покраините Смоланд и Сканија и Балтичкото Море.

Кратки факти БлекингеBlekinge, Земја ...

Името „Блекинге“ доаѓа од придавката bleke, што значи „сосем мирно“.

Remove ads

Управа

Историските покраини во Шведска немаат административна функција. Меѓутоа Блекинге (заедно со Готланд) е единствената покраина што зафаќа сосем иста површина како најзиниот административен округ, Блекинге.

Географија

Во блекинге се наоѓа живописниот архипелаг кој понекогаш се нарекува „Градината на Шведска“.

History

Блекинге станал дел од Данска во раниот XI век, најверојатно во 1026 г. Не е познато кој владеел со областа претходно. Покраината била дел од Данска цели 600 години, и, заедно со покраините Сканија и Халанд го сочинувале источниот дел на данското кралство каде владеело Сканското право. Како погранична покраина, Блекинге често страдала од напади и пљачкосувања во данско-шведските војни. Во 1658 покраината ѝ припаднала на Шведска, согласно одредбите на Роскилдскиот мировен договор.

Во данско време, покраината била поделена на два дела, со административни центри: Селвесборг на западниот и Кристијанопел на источниот дел, додека стотката Листер била дел од Сканија. Попознати замоци од овој период се Елехолм, Селвесборг, Ликеби и Авахер. Статус на град имале местата: Ронеби (1387), Селвесборг (1445), Елехолм и Кристијанопел.

По преземањето, Швеѓаните ги изградиле градовите Карлсхамн (1664) и Карлскруна (1680) и присилно население се жителите на Ронеби и Кристијанопел. Повеќе од 300 години, Карлскруна била главната поморска база на Шведска. Во 1998 била прогласена за светско наследство на УНЕСКО.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads