Сканија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сканијаmap
Remove ads

Сканија (од лат. Scania) или Сконе (швед. Skåne) — најјужната[2] покраина (landskap) во Шведска. Се состои од полуостров на јужниот крај на Скандинавскиот Полуостров и некои блиски острови. Современата административна единица е истоимениот округ (län) Сконе[3] кој ги опфаќа речиси истите граници како покраината. Најголем град е Малме, кој е административен центар на округот и трет град по големина во Шведска.

Кратки факти СканијаSkåne, Земја ...

На север Сканија се граничи со покраините Халанд и Смоланд, на североисток со покраината Блекинге, на исток и југ со Балтичкото Море, а на запад со теснецот Ересунд. Теснецот го пресекува автомобилско-железничкиот Ересундски мост[4] и ја поврзува покраината со данскиот остров Зеланд. Ова подрачје е дел од меѓународниот регион Ересунд.[5]

Сканија се протега 130 км во должина (север-југ) и зазема помалку од 3% од површината на Шведска, но има 1.230.000 жители[1], што претставува 13% од населението во земјата. Околу 16% од жителите се родени во странство.[6] Со 111 жит/км2, Сканија е втора покраина во земјата по густина на населеност, веднаш по Седерманланд.

Remove ads

Управа

Како и останатите покраини во Шведска, Сканија нема административно-политичка улога како единица, туку претставува исклучиво културно-историска целина.

Од 1719 до 1996 г. покраината била поделена на два округа (län): Кристијанстад и Малмехус. Окрузите имале свој управник и окружен совет и биле поделени на општини и месности.

Во 1997 г. окрузите се споени и така е образуван округот Сконе, кој има речиси исти граници како покраината.

По две години, окружните подрачја се споиле во еден регион (регион Сконе), кој е надлежен за здравството, јавниот превоз, планирањето и културата.

Remove ads

Историја

Thumb
Замокот Кнутсторп, родно место на данскиот астроном Тихо Брахе

Сканија во пишаните извори се јавува за првпат во IX век. Во средината на X век потпаднала под власта на данскиот крал Харалд Синозабиот. Заедно со Блекинге и Халанд го сочинувала скандинавскиот дел на источна Данска. Поради ваквата местоположба, Сканија со векови претставувала повод за честите данско-шведски војни. Во 1658 г. е склучен Роскилдскиот мировен договор според кој сите дански поседи источно од Ересунд ѝ припаднале на шведската круна. Сканија најпрвин била шведска територија под власта на генерален управник, а потоа влегла во состав на самата Шведска. Последниот обид на Данска да ја поврати покраината е направен во Битката кај Хелсингборг (1710), која завршила со нејзин пораз. Во 1719 г. покраината е поделена на два округа, со тоа сообразувајќи се со административниот систем на останатите делови на земјата. Оттогаш до денес Сканија е наполно дел од Шведска.

Национални паркови

Сканија има три национални парка

  • Далби Седерског
  • Седеросен
  • Стенсхувуд
Remove ads

Градови

Преку 90% од населението на Сканија живее во градови. Следниве населени места имаат над 10.000 жители:[7]

  1. Малме (258.020)
  2. Хелсингборг (91.457)
  3. Лунд (76.188)
  4. Кристијанстад (33.083)
  5. Ландскруна (28.670)
  6. Трелеборг (25.643)
  7. Енгелхом (22.532)
  8. Хеслехолм (17.730)
  9. Истад (17.286)
  10. Еслев (16.551)
  11. Стафансторп (13.783)
  12. Хеганес (13.401)
  13. Хелвикен (10.014)

Култура

Thumb
Народни носии од Сканија

Долготрајните трговски врски на Сканија со други крајбрежни места во Европа оставиле значителен белег на локалната култура, која се смета за различна од другите краишта во Шведска. Широките предели и поблагата клима дава поинакво чувство, кое разни дејци го опишале како слично на Прованса во јужна Франција и Зеланд во Холандија.[8] Меѓу нив се вбројуваат Аугуст Стриндберг и Карл Лине.

Remove ads

Поврзано

  • Ересунд
  • Scania — произедувач на камиони и автобуси
  • Сканија (Сконе) - административниот округ
  • 460 Сканија - астероид наречен по покраината

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads