Боемство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Боемство — практика на неконвенционален начин на живот, често во друштво на истомисленици, со неколку постојани врски, вклучувајќи музичка, уметничка или книжевна определба. Во овој контекст, боеми можат да бидат скитници, авантуристи, или вагабонти.

Оваа употреба на зборот првпат се јавила во XIX век за да се опише нетрадиционалниот начин на живот на маргинализираните и осиромашени уметници, писатели, новинари, музичари и глумци во поголемите европски градови. Боемите се поврзани со необични или анти-естаблишмент политички или општествени ставови, кои често се изразуваат преку слободната љубов, скромноста, а во некои случаи, доброволната сиромаштија. Богатите и привилегираните, дури и аристократски, боемски кругови понекогаш се нарекуваат „високо боемство“ (фр. haute bohème)[1].[2]
Remove ads
Поранешни боемски заедници
Меѓународниот поим боемија (bohemia) исто така би можело да значи било кое место каде што може да се живее и работи поевтино, и да се однесува неконвенционално; заедница на слободни души надвор од дозволените граници на угледното општество. Неколку градови и населби станале поврзани со боемството во XIX и почетокот на XX век:
Во Европа
- Мала Страна и Жижков во Прага, Бохемија
- Скадарлија во Белград
- Старата чаршија во Скопје (денес) и други делови од градот (порано)
- Монмартр во Париз
- Сохо во Лондон
- Ексарија во Атина
- Бејоглу, Бешикташ и Бакирќој на Европската страна и Кадиќој на Азиската страна во Истанбул
- Мите во Берлин
- Табан во Будимпешта
- Алфама во Лисабон
- Ужупис во Вилнус
- Кардиф во Велс
Remove ads
Занимливости
- Во 1931 г. истакнатиот македонски глумец Петре Прличко 1931 г. отворил свој театар наречен „Боем“.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads