Болград

From Wikipedia, the free encyclopedia

Болград
Remove ads

Болград (украински: Болград; бугарски и руски: Болград; романски: Bolgrad) е мал град во Одеска област во југозападниот дел на Украина, во историскиот реон Буџак. Болград е главен град на Болградскиот реон. Број на жители според пописот од 2015 година - 15.499.

Кратки факти Болград, основан ...
Remove ads

Историја

Во почетокот на 19 век, по Руско-турска војна (1806-1812) и потпишувањето на Договорот од Букурешт (1812), регионот Бесарабија, вклучувајќи го и Буџак, преминал под контрола на Руската империја. Оваа територија, порано дел од Отоманската Империја и Молдавското кнежевство, станала дел од Бесарапската губернија. Руските власти имале интерес да ја населат оваа релативно ретка населена област со лојално население, особено со цел да се зајакне економијата и да се обезбеди границата со Отоманската Империја. Болград бил основан во 1821 година од страна на бугарски доселеници, а по наредба на генералот Иван Инзов кого жителите на Болград го сметаат за „Основач на нашиот град“.[1]

Thumb
Катедрала „Св. Преображение“ во Болград, 1938 година

Еден од најзначајните моменти во раната историја на Болград е изградбата на црквата „Свето Преображение Господово“. Темелите на храмот биле поставени во 1820 година, уште пред официјалното основање на градот, а изградбата завршила во 1838 година. Црквата, проектирана од рускиот архитект Аврам Мелников, била осветена на 29 октомври 1838 година, датум што подоцна станал празник за бесарабските Бугари. Овој храм не само што бил духовен центар, туку и симбол на бугарскиот идентитет во регионот.

Во 1858 година, со поддршка на молдавскиот управител Никола Богориди (кој бил од бугарско потекло), била основана Болградската гимназија „Св. Кирил и Методиј“, првото средно училиште за Бугарите во Бесарабија. Ова училиште станало центар на бугарската просвета и одиграло клучна улога во зачувувањето на бугарскиот јазик, култура и национална свест. Гимназијата привлекувала ученици од целата Бесарабија, а подоцна и истакнати бугарски револуционери, како Христо Ботев и Љубен Каравелов, кои престојувале во Болград во 1870-тите.

Болград станал дел од Молдавија во периодот од 1856 до 1859 година, на Романија од 1859 до 1878 година, од 1918 до 1940 година, и од 1941 до 1944 година, пред да биде заземен од СССР, како дел од територијата на Украинската Советска Република, а денес е во рамките на Украина.

Remove ads

Демографија

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во околината на Болградскиот дистрикт најмногу живеат Бугари (околу 61%). Жителите го сметаат градот Болград за неофицијален гчавен град на бесарабискиот историски реон Буџак.

Стопанство

Од 1920 година, Болград има индустрија на јаглен.[2]

Образование

Thumb
Средно училиште во Болград

Средното училиште во Болград „Георги Сава Раковски“ е основано во 1858 година, и е најстаро средно училиште Бугарската преродба.[3][4]

Познати личности

  • Абрахам Иванович Мелников 1784-1854), руски архитект, автор на проектот на катедралата „Св. Преображение“ [5]
  • Димитар Греков (1847–1901), бугарски политичар
  • Данаил Николаев (1852–1942), бугарски генерал
  • Георги Тодоров (1858–1934), бугарски генерал
  • Микола Шматко (роден 1943), современ украински вајар, професор и сликар (не е роден таму, но живеел во Болград)
  • Петро Порошенко (роден 1965), сегашен претседател на Украина
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads