Борешница
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Борешница (грчки: Παλαίστρα, Палестра; до 1926 г. Μπορέσνιτσα, Боресница[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 289 жители (2011), сочинето од Македонци.[3]
Remove ads
Географија
Селото е сместнео во Леринското Поле, 10 км источно од Лерин крај на Голема Река (Ресанска)[4], притока на Сакулева Река.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Борешница било село во Леринската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Борешница (Boréchnitza) била село во Леринската каза со 150 домаќинства од вкупно 375 жители Македонци.[5][6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Борешница имала 348 жители Македонци.[5][7] Во бугарското училиште во Борешница во 1897/98 г. предавал револуционерот Атанас Шишков од Пателе.[8] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 344 жители, сите Македонци под егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[5][9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Борешница се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 43 куќи.[10]
По 1900 г. се засилило иселувањето на жителите на Борешница во Америка, претежно во САД. Според бугарскиот трговски агент во Битола Андреј Тошев на почетокот на 1904 г. 28 лица од селото занимале на работа во Америка. Во првите месеци на 1905 г. е забележано заминувањето на уште 9 лица.[11] Според Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 40 македонски куќи.[3]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 375 жители.[3]. За време на Првата светска војна Борешница била окупирана од бугарската војска, за да биде вратено во Грција по сила на Нејскиот миреовен договор. Во 1926 г. властите го преименувале во Палестра.[12] На пописот од 1928 г. во селото живееле 447 лица.[3]
Во 1940 г. населението на Борешница броело 592 жители. Поради оддалеченоста од воените операции, селото не нстрадало во Граѓанската војна, па затоа од него се иселиле само 5 семејства во Р Македонија и неколку лица во источноевропските земји.[3] Така, во 1951 г. во него се попишани 638 жители. Во 1960-тите населението почнало позначајно да опаѓа поради засиленото иселување во прекуокеанските земји, особено во Австралија.[3]
Remove ads
Цркви
Борешница има две цркви:[13]
- „Св. Илија“
- „Јован Богослов“
Селска слава е Илинден, на 2 август.
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото се смета за богато. Жителите се занимаваат со земјоделство и произведуваат доста житарки и големи количества тутун. Мошне развиени се лозарството и сточарството.[3]
Поврзано
Личности
- Атанас Попов (1871 – 1925) — револуционер
- Ѓорѓи Перикли Баничотов (? – 1947) — комунистички деец[14]
- Јован Филипов (Јоанис Воскопулос; р. 1957) — политичар, градоначалник на Лерин, братучед на леринскиот деец Павле Филипов (Павле Воскопулос) од македонската партија „Виножито“
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads