Борово (Драмско)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Борово (грчки: Ποταμοί, Потами; до 1927 г. Μπόροβο, Борово[2]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено речиси со Македонци-муслимани и Турци.[3]
За други значења на поимот, погл. Борово (појаснување).
Remove ads
Географија

Борово се наоѓа во подножјето на Родопите, североисточно од вливот на Доспат во Места. Сместено е во историско-географската област Чеч. Има многу добри услови за одгледување на тутун, а во миналото стадата од северните чечки села презимувале кај селото заради потоплата клима. Кај Борово реките Места и Доспат се влеваат во вештачкото Черешовско Езеро.
Во 1993 г. на 3 км на север крај реката Доспат е откриена пештера со огромни сталактити и сталагмити. Проучени се само първите 140 м од пештерата, во која има простории со големина од 7×7 м, како и пештерски езера.[4]
Remove ads
Историја
Антика
Борово е многу старо село. Во 1967 г. крај селото, на брегот на Места се откриени керамички садови, остатоци од коски, бакарни, сребрени и златни монети од различни епохи, врвови од стрели, ножови и други предмети од раното и доцното бронзено време, како и наоди од римско време.[4] Кај селото е најдено и сокровиште од 860 сребрени монети на Филип II Македонски.[5]
Во Отоманското Царство
Селото за првпат се спомнува во подробен османлиски дефтер од 1464-1465 г. со 110 немуслимански домаќинства, 11 ергени и 15 вдовици.[6] Во друг подробен дефтер од 1498-1502 г. во Борово се заведени 119 немуслимански домаќинства, 25 ергени и 9 вдовици.[7] Во скратен дефтер од 1530 г. е заведен бројот на муслиманите и немуслиманите во населените места. Село Борово (Порова) се води со муслимани: 9 домаќинства, ергени - 8; немуслимани: 98 домаќинства, ергени - 14; вдовици - 15.[8] Во подробен регистар на Паша-санџакот од 1569-70 г. даночно обврзаното население на Борово е претставено вака: муслимани — 14 семејства и 18 ергени; немуслимани — 24 семејства, 17 ергени и 1 вдовица.[9] Во подробен записник за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. од село Борово (Борова) се заведени 39 мостари. Селото имало вкупно 56 муслимански домаќинства, од кои едно на спахија на тимар. Споменатото село обновувало и одржувало мостови на реките Места и Доспат. Од претходно било ослободено од плаќање на авариз.[10]
Борово (Борова) го спомнува францускиот патописец Ами Буе во неговата посета на Балканот во 1836-1838 г. Тој вели дека низ Борово поминува пат кој го поврзува Доспат со Лисе и Зрново. Спомнува и дека претходно Викенел (друг Французин) поминал по тој пат.[11]
Во XIX век Борово било муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Борово (Borovo) е село со 110 домаќинства на и 280 Македонци-муслимани.[12] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Борово (Борјуво) живееле 500 Македонци-муслимани и 250 Турци[13][14] во вкупно 140 куќи.[15]
Пак според К’нчов, Борово било седиште на еден мудир за Неврокоспки Чеч кој немал речиси никаква власт вон селото. Во целиот Чеч единствено во Борово се говорело на турски, што К’нчов претпоставува дека се должи на војниците во селото кои го вовеле јазикот заедно со чиновниците, но не ја исклучува можносто во минатото кај Борово Борово да имало воена колонија. К’нчов исто така посочува дека во селото има две џамии и един мектеб.[16]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 1.045 жители. Бидејќи Борово настрадало во Првата светска војна, во 1920 г. неговото население се свело на 650 лица.[3]
Во 1923 г. муслиманското население на Борово е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Турција. Во 1928 г. Борово е заведено како мешано село до 438 жители, од кои 384 грчки дојденци (113 семејства), а остатокот мештани. За нив се претпоставува дека се сточари Власи или Каракачани доселени од околината.[3][17] Во 1927 г. селото е преименувано во Потами (Ποταμοί),[3][18] което в во превод „реки“.
За време на Втората светска војна, след Деветтосептемврискиот преврат група војници од регионот, предводени од Фаик Газиев од Абланица, е врбувана од САД и Грција да ги саботира комунистите и да врши разузнавачки мисии во Пиринска Македонија од грчка територија. Борово било седиште на групата.[19]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads