Зрново

село во Драмско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Зрновоmap
Remove ads

Зрново (грчки: Κάτω Νευροκόπι, Като Неврокопи; до 1927 г. Ζύρνοβο, Зирново[2]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено речиси исклучиво со Македонци. Турците наведени во изворите се всушност Македонци-муслимани.[3]

Кратки факти Зрново Κάτω Νευροκόπι, Земја ...
Thumb
Црквата „Св. Димитриј“ во Зрново
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во северниот дел на Лиската (Елеска) Котлина, на 42 км северно од Драма.

Историја

Во Отоманското Царство

Првите пишани сведошта за Зрнево ги наоѓаме во османлиски документи од XV век, каде е спомнато како село со 171 христијански домаќинства, 48 неженети христијани, 22 вдовици и само 1 муслиманско семејство на Шехабедин В’лков. На почетокот на XVII век во Зрново имало 120, а во 1660 г. 152 даночно обврзани домаќинства.[4]

Во даночниот список од крајот на XV и почетокот на XVI век се вели дека Зрнево е село со 241 лице.[5]

Во XVIII и XIX век во Зрнново било развиено казанџиството, а делумно и коваштвото. Во XIX век Зрново било големо село со поретежно македонско население во Неврокопската каза на Серскиот санџак. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) напишал дека жителите на Зрново се претежно Македонци.[6][7] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Зрново (Zirnovo) било село со 317 домаќинства на 900 Македонци, 62 „муслимани“ и 40 Власи.[8][9]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го завел Жирново (Зерново) како село со 290 македонски и 27 „турски“ куќи.[8][10]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Зрнево, големо село на ЈИ од Караќој 3 часа пат. Изградено е на двата брега на Панега. Наоколу плодно поле во кое се сејат најмногу компири и коноп. Неколкумина се јажари. Бидејќи низ Зрнево минува патот од Драма за Неврокоп, има и добри анови. Црквата и училишната зграда се мошне убави, но и двете погрчени. Ученици 70. Куќи 350, Македонци.[6][11]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 2.120 жители, од кои 1950 Македонци-христијани и 170 „Турци“.[8][12] (Македонци-муслимани).

Во 1902 г. Димитър Драгинов ја вратил црквата во Зрново под Цариградската патријаршија. На Велигден тој бил обесен од Атанас Тешовалијата на вратата на црквата и оставен да виси три дена.[13]

Thumb
Предна страна на црквата „Св. Димитриј

До 1903 г. раководител на револуционерниот комитет во Зрново бил Димчо Праматарски.[14] По Илинденското востание во 1904 г. и последните прогрчки куќи во селото прешле под врховенството на Бугарската егзархија.[15]

Во селото активно работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Зрново имало 2.360 Македонци егзархисти, 12 Власи и 18 Роми. Во селото работело бугарско основно училиште со 2 учители и 105 ученици.[16]

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. дури 44 лица од Зрново се пријавиле како доброволци во Македонско-одринските доброволни чети (МОО).[17]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 2.105 жители.[3] Според податоци на Јордан Н. Иванов во 1918 г. во Зрново имало 500 куќи — 447 македонски и 53 „турски“.[8]

Со крајот на Првата светска војна во 1918 г. половината од населението на селото се преселило во Бугарија — во Неврокоп и Неврокопско, Пловдив, Пазарџик, во Јамболско и други места.[4] Во 1920 г. населението се намалило на 1.186 жители.[3] Во 1923 г. Македонците-муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени 506 грчки колонисти (120 семејства).[3] По крвавиот Трлиски инцидент во Бугарија побегнале уште 440 жители.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Като Неврокопион, во превод Долен Неврокоп по името на градот во Пиринска Македонија.[18][19] Во 1928 г. селото е претставено како мешано мештанско-дојденско со вкупно 2.268 жители, од кои 407 дојденци (99 семејства).[20]

На 18 април 1945 г. селото е ограбено од грчката чета на капетанот Кукатис. Многу селани се претепани, а двајца убиени. На жалбите на населението пред британските претставници добиен е одговорот „Вие сте Бугари и треба да си одите.“[21]

По 1944 г. неколку десетици семејства го напуштиле Зрново и се преселиле во Штип.[4]

Во Граѓанската војна најголемиот дел од Македонците биле насилно прогонети. Населението од селото и околината најмногу се раселени во централниот и источниот дел на историскиот регион Македонија. Во Република Македонија, најмногу ги има во Штип, па потоа во Свети Николе, Кочани, Радовиш, Струмица, Велес, Скопје. Во Бугарија најмногу ги има во Неврокоп, па во Пловдив, Пазарџик, Софија, Варна, Горна Џумаја, Јамбол и други места.[22]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Личности

  • Андреја — духовник, јеромонах, игумен на манастирот „Седумте престоли“ од 1895 до 1909 г.
  • Димитар Симеонов — просветен деец[28]
  • Иван Зрновалијата — револуционер, четник на Филип Цветанов
  • Иван Т. Мрваков — општественик
  • Иван Тодоров (1865 - 1950) — фотограф и револуционер
  • Филотеј Теодоропулос (р. 1963) — грчки духовник

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads