Бразилија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бразилијаmap
Remove ads

Бразилија (Brasília) (МФА: [bɾaˈziliɐ]) е престолнина на Бразил. Градот и неговиот округ се сместени во Централно-западниот Регион на земјата, во рамнината Планалто. Брои околу 2,557,000 жители (2008 БИГС проценка), правејќи го четврт по големина во Бразил, после Бело Хоризонте и Форталеза. Но, агломерацијата е на 9-то место. На списокот е на Светско наследство на УНЕСКО.

Кратки факти Mестоположба, Општи податоци ...

Како престолнина, Бразилија е седиште на трите гранки на Бразилската власт. Во Бразилија исто така се наоѓаат и седиштата на многу Бразилски компании, како Банката на Бразил, Caixa Econômica Federal, Correios и Телеком Бразил. Градот е светска референца за планиран град. Сместувањето на резиденцијални градби околу широки урбани области, градејќи го градот околу големи улици и делејки го на сектори, поттикнало дебата околу животот во големи градови во 20 век. Проектираниот дизајн на градот вклучувал специфични области за скоро сѐ, вклучувајќи акомодација - Хотелски сектори, јужен и северен. Сепак нови обласи се планираат и денес како локации за хотели, како сектори за Хотели и Туристички северен сектор, сместен на бреговите на езерото Параноа.

Градот е планиран и развиен во 1956-та, со Лусио Коста како главен урбанист и Оскар Ниемејер како главен архитект. Во 1960 и официјално станал Бразилска престолнина. Гледан одозгора формата на градот доликува на авион или пеперутка.[1][2] По обичај градот е нарекуван Capital Federal (Федерален Главен Град), или поедноставно BSB[3]. Жителите на градот се нарекувааат бразилијанци или кандингоси.

Бразилија има sui generis статус во Бразил.Федералниот округ не може да биде разделен на општини.

Меѓународниот аеродром Бразилија е важна воздухопловна точка за остатокот од земјата, сврзувајки го градот со сите поважни градови на Бразил и многу други меѓународни одредишта. Трет е во бразил по патници и летови.

Remove ads

Историја на градот

Бразилија е изградена со цел да биде Бразилска престолнина. Идејата била да се префрли главниот град од јужниот морски дел во централниот дел на Бразил. Пред тоа главен град на Бразил бил Рио де Жанеиро, а пред него Салвадор. Со преместувањето на главниот град во централните области на земјата, владата имала намера да ја зголеми густината на населението во тие области. Луѓе од цел Бразил биле најмени во неговата изградба, а најмногу од северен Бразил. Лусио Коста го проектирал градот така што не би имало потреба од семафори. Голем дел од оригиналниот план е променет поради брзиот пораст на Бразилија . Коста не предвидел толку брз раст, Бразилија денес има семафори како и секој друг град.

Remove ads

Географија

Клима

Националната престолнина ужива тропска клима со сезони коишто ги определува степенот на влажност на воздухот, една сезона е сува, додека другата е компаративно влажна. Просечната температура е 20.5 °C (69 °F).[4] Септември, крајот на сувата сезона, има највисока температура, 28 °C (82.9 °F), а јули најниска максимална температура, 25 °C (77.2 °F). Наниската минимална температура е во јули (13 °C или 55.2 °F), а најниските минимални температуре се во ноември и декември (18 °C or 63.5 °F). Сувата сезона трае од доцен март или ран април до доцен септември или ран Октомври.

Remove ads

Панорама

Thumb
Панорама на Бразилија од Бразилиска Телевизиска Кула.
Панорама на Бразилија од Бразилиска Телевизиска Кула.

Демографија

Thumb
Луѓе во културен комплекс.

Во 1960-та ФД имал околу 140,000 жители. Во 1970-та бројката нараснала на повеќе од 537,000. Во 2000 населението на округот било нешто повеќе од 2,000,000. Планиран за само 500,000 жители, Бразилија нараснала многу повеќе од предвиденото.[5]

Уште од почетокот прирастот на Бразилија бил важен при планирањето, Според оригиналните планови Бразилија требало да биде град на управата и нејзиниот персонал. Но за време на самата градба, доста бразилци од цел Бразил мигрирале тука, привлечени од возможноста за работа.[6]

Бразилија има еден од највисоките прирасти во Бразил, со 2.82% годишно, воо главно заради внатрешна миграција.

Индексот на човечки развој во градот изнесува 0.936 , а нивото на писменост 4.35%.

Remove ads

Стопанство

Thumb
Централна Банка на Бразил.
Thumb
Комерцијален сектор Север.
Thumb
Pátio Brasil Mall.
Thumb
Хотелски сектор Југ, ноќно.

Бразилиската економија е доминирана од

Услуги

(91% од локалниот БДП, според БИГС):

  • Комуникации, (Бразилски телеком, Correios, јавни и пприватни телевизии, Globo, SBT, Rede Bandeirantes, Rede Record, RedeTV! и централните канцеларии на TV câmara, TV Senado и TV Justiça);
  • Банкирање и финансии (седиште на Банка на Бразил, Caixa Econômica Federal, Бразилската Централна Банка , Banco Rural и Банката на Бразилија);
  • Разонода;
  • Информациски технологии (Politec, Poliedro, CTIS, покрај другите), и легални сервиси.

Индустрии

  • Градежништво (Paulo Octavio, Via Construções, и Irmãos Gravia покрај другите);
  • Храна (Perdigão, Sadia);
  • Производство на мебел;
  • Рециклирање (Novo Rio, Rexam, Latasa и други);
  • фармацефтика (União Química);

Основните земјоделски производи се кафе, јагоди, портокали, лимони, папаја, соја и манго.

Округ има БДП од US$ 69,844 billion, според БИГС. Удел во Бразилскиот БДП US$ 69,844%[7]

Remove ads

Образование

Thumb
Национална библиотека на Бразилија.

Португалскиот е официјален. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.

Образовни институции

  • Бразилиски Универзитет - (UnB);
  • Бразилиски Универзитетски Центар (UniCEUB);
  • Универзитетски Центар на Федералниот округ (UniDF);
  • Евроаммерикански Универзитетски Центар (UNIEURO);
  • Паулистишки Универзитет (UniP);
  • и други.

Култура

Збратимени градови

Поврзано

  • Знаме на бразилскиот федерален округ
  • Грб на бразилскиот федерален округ
  • Лисио Коста
  • Жусќелињо Кубитчек де Оливеира
  • Роберто Бруле Маркс
  • Оскар Ниемејер

Наводи

Надворешни препратки

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads