Папаја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Папаја (науч. Carica papaya) — вид растение од семејството на папаите (Caricaceae),[3] како и назив за неговиот плод. За првпат е припитомено во Мезоамерика, на подрачјето на денешно јужно Мексико и Средна Америка.[4][5] Денес се одгледува во неколку земји со тропска клима. Во 2022 г. најголем производител била Индија, со 38 % од светското производство.




Remove ads
Потекло на името
Поимот „папаја“ (papaya) доаѓа од аравачкиот јазик преку шпанскиот.[6] Важи како за растението, така и за неговиот плод.
Опис
Ова е мало дрво со проретчени гранки, обично со едно стебло со висина од 5 до 10 м. Има спирално распоредени листови ограничени само на врвот од стеблото. Долниот дел од стеблото има забележливи лузни каде некогаш виселе листови и плодови. Листовите се големи, со пречник од 50-70 см, изразено дланчести, со седум резни. Сите делови од растението содржат латекс зглобни млечници.[7]
Цветови
Папаите се дводомни растенија. Цветовите се петделни и високо диморфни; прашниците кај машките цветови се сраснати со венечните ливчиња. Постојат два вида папаини цветови. Женските имаат горна плодница и пет извиени венечни ливчиња, лабаво поврзани со основата.[8]:235
Машките и женските цветови се поставени на лисните пазуви; машките цветови се повеќецветни и правилноспротивни, а женските се дијазиуми со малку цветови. Поленовите зрнца се издолжени, со должина од 35 микрони. Цветовите имаат пријатен мирис и се отвораат ноќе. Опрашувањето се одвива преку ветерот или инсекти.[7][9][10]
Плод

Плодот претставува голема бобинка со должина од 15-45 см и пречник од 10-30 см.[7]:88 Кога е зрел, плодот омекнува (како зрело авокадо или помеко), лушпата му добива килибарна до протокалова боја. Долж ѕидовите на големата средишна шуплина има бројни црни семки.[11]
Хемија
Лушпата, месото и семињата на папајата содржат најразлични фитохемикалии како каротиноиди и полифеноли,[12] како и бензил изотиоцијанати и бензил гликозинати.[13] Каротиноидите, лутеин и бета-каротин, преовладуваат во жолтата лушпа, а ликопенот преовладува во месото, кое е црвено.[14] Семињата ја содржат и цијаногената супстанција пруназин.[15] Незрелиот плод содржи папаин,[4] цистеински протеазен емзим кој се користи за смекнување на месо.
Remove ads
Распространетост и живеалиште
Папајата потекнува од тропските подрачја на јужно Месико и Средна Америка.[4][5][7] Се смета за домороден вид и во јужна Флорида, воведена од претходниците на народот Калуса не подоцна од 300 г.[16] Шпанците ја донеле папајат во Стариот Свет во XVI век.[4] Денес се огледува во речиси сите тропски краишта: на Хаваите, во Централна Африка, Индија и Австралја.[4]
Дивата папаја е ограничена на природно пореметени тропски шуми.[5] Изобилува во природното подрачје Еверглејдс во Флорида по големи урагани, но инаку е ретка.[16] Во дождовните шуми во јужно Мексико расте изобилно и бргу се размножува во празнини на крошните, но изумира во стари шуми со густа крошнена покривка.[5]
Одгледување
Во историските записи од XVIII век се вели дека семиња од папајата се пренесени од Карибите во Малака (денешна Малезија), а потоа во Индија. Од Малака или од Филипините, папајата се проширила низ Азија и Јужна Тихоокеанија. Шпанскиот истражувач и ботаничар Франсиско де Паула Марин на почетокот на XIX век ја довел на Хаваите од Маркиските Острови. Оттогаш одгледувањето на папаја се проширило на сите тропски и многу суптропски подрачја во светот. Денес таа расте ширум целиот свет поради прилагодливоста на разни (поволни) клими и нејзината популарност како тропско овошје.[17]
Растенијата можат да бидат од три пола: машки, женски и двополови. Машките произведуваат само полен, а не плодови. Женските произведуваат мали нејадливи плодови доколку не се опрашени. Двополовите единки се самоопрашуваат бидејќи нивните цветовии имаат и машки прашници и женски плодници. Речиси сите плантажи на светот се состојат од двополови дрва.[10]
Растението природно потекнува од јужно Мексико (особено од Чијапас и Веракрус), Средна Америка, северна Јужна Америка и јужна Флорида[4][16] а денес се среќава во сите тропски земји. Во овоштарниците расте бргу и дава плод за три години. Меѓутоа, дрвото е многу чувствително на слана и иње, поради што се одгледува само во тропските краишта. Температури под -2 °C му нанесуваат голема штета, а често сосем го усмртуваат. Во Флорида, Калифорнија и Тексас расте само во јужните делови. Претпочита песоклива, добро исцедена почва; ако се насобере вода, растението умира во рок од 24 часа.[18]
Производство
Во 2022 г. во свето се произведени 13,8 милиони тони папаја. Најголем производител била Индија со 38 % од вкупната светска количина. Светското производство значително пораснало на почетокот на XXI век, претежно поради зголеменото производство во Индија и побарувачката на плодовите во САД.[19] САД се најголем увозник на папаја во светот.[9]
Во ЈАР овоштарниците даваат до 100 тони овошје по хектар.[20]
Remove ads
Токсичност
Папајата испушта латексна течност кога не е зрела, која ја раздразнува кожата и предизвикува алергии кај некои луѓе. Бидејќи ензимот папаин делува како алерген кај чувствителните лица,[21] месото омекнато со папаин сок може да предизвика алергична реакција.[4]
Во исхраната
Зрелиот плод на папајата обично се јаде сиров, без лушпата и семките.[4] Црните семки се јадат и имаат остар вкус кој налутнува.[4] The unripe green fruit is usually cooked due to its латекс content.
Зелениот плод и неговиот латекс се богати со папаин,[4] цистеинска протеаза што се употребува со омекнување на месо и други белковински храни, од американските староседелци, народите на Карибите и Филипините.[4] Се среќава и како состојка во прав за омекнување на месо.[4] Не е погодна за желатински јадења (желе или аспик) бидејќи ензимските својства на папаинот го спречува зацврстувањето на желатинот.[22]
Месото (кашата) на сировата папаја содржи 88 % вода, 11 % јаглехидрати и занемарливи количества на масти и белковини. На 100 грама, плодот има 43 килокалории и претставува значаен извор на витамин Ц (75 % од дневната вредност, ДВ) и умерен извор на фолат (10 % ДВ), но инаку има малку хранливи материи.
Remove ads
Поврзано
- Бабако
- Папаин
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads