Бранислав Лечиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бранислав Лечиќ
Remove ads

Бранислав Лечиќ (Шабац, 25 август 1955) е српски глумец и политичар.

Thumb

Животопис

Роден е во Шабац од татко Александар и мајка Живана како единец.[1]

Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1978 година во класата на професор Миња Дедиќ. Со неговата дебитантска улога  на Фикрет во филмот "Специјално воспитување" (1977), Горан Марковиќ, поставува параметри за понатамошно толкување на неприлагодени особи. Особено се мисли на одлучните, бескомпромисните ликови, цврсто уверени во исправноста на своите постапки. Многу внимателна и истакната улога ја оствари во ТВ серијата "Сив дом" (1984), во режија на Дарко Бајиќ. Многу е успешен и во театарот, за што тој беше поструко наградуван. Еден е од основачите на најзначајните алтернативни театарски групи, кои значително влијаат на театарскиот живот во земјата. Член е на Југословенскиот драмски театар од 1980 година.

Основачот е на единствениот образовен центар Лекарт со цел да помогне на секој човек без оглед на возраста и професионално искуство да се открие себеси во уметничкиот свет. Во образовниот центар го води одделот на "Програма за глума режија". Работи како редовен професор на Академијата за ликовна уметност и мултимедија[2], каде што тој е, исто така, Заменик-Декан за развој[3]

Покрај глума, се занимава и со  политичка работа: ја раководел т.н. "Кадифена револуција" (протест кај Теразијска фонтана), а по победата на демократските партии и петтооктомвриските промени, беше Министер за култура , во првата демократска влада на Србија, која ја предводел д-р Зоран Ѓинѓиќ, а која е избрана 25 јануари 2001 година. По исклучување на Чедомир Јовановиќ од Демократската партија  ја напушта неа и станува еден од основачите на Либерално-демократска партија (2005), а подоцна и член на претседателска  партија. 2007 година ја напушти ЛДП,а  во мај 2010 година, пристапи на Демохристијанска партија на Србија, чиј е Заменик Претседател.

Бранислав Лечиќ е Амбасадор на Фондацијата "Тијана Јуриќ".[4]

Remove ads

Награди и признанија

За претставата Контејнер со пет ѕвезди

  • Гран при за најдобро глумечко  достигнување Бранислав Лечиќ на "Првиот Меѓународен фестивал на глумци" во Никшиќ 2001 година
  • Награда за учество на 14 Средоземен фестивал во Италија во 2001 година
  • Наградата за глума за улога на професор, на фестивалот "Борини театарски денови", 2001 година
  • Добитник на четири Годишни награди на ЈДП
  • Стеријина награда
  • Награда Цар Константин
  • Златна Арена
Remove ads

Театар

Уште во осумдесеттите години, една од најгледаните претстави на ЈДП-А таа била Луди од љубов, во која тој играл со Владица, Милосављевиќ. Во моментов во неговиот матичен театар ЈДП игра во претставата, "Не смртта велосипед да ти го украдат". Во Звездара театар, најгледана претстава во минатата сезона беше "Генерална проба за самоубиство", во која игра две улоги. Од минатата сезона, игра во претставата "Самоудица" во Атеље 212. Бранислав Лечиќ се обиде во детскиот театар Бошко Буха во претставата "Змејовини пангалози". Во Народниот театар од сезоната 2011/2012 година игра во претставата Кањош Мацедоновиќ.

Театарски улоги

Повеќе информации Име, Театар ...

Извори

Прикажи повеќе

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads