Бранко Ставрев
македонски режисер, сценограф и директор на драмата на Македонски народен театар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бранко Ставрев (р. 1 февруари 1939 во Струмица) — македонски режисер, сценограф и директор на драмата на Македонски народен театар.
Remove ads
Животопис
Ставрев ги завршил студиите на групата за македонски јазик со југословенска книжевност на Филозовскиот факултет во Скопје. Во Македонски народен театар - Скопје е од 1965 година, а пред тоа работел во Струмичкиот театар, како глумец и режисер (1965-1966).
Од позначајните режисерски проекти се: "Обиди се во надеж" (1961), "Матуранти" (1964), "Видел" (1968), "Бања" (1968), "Трамвајот наречен желба (1969), "Парите се отепувачка" (1970), "Жовотот на Галилеј" (1972), "Смртта на Терлекин" (1973), "Векутума века или житие Адамово" (1974), "Студенти" (1977), "Женидба" (1978), "Кенгурски скок" (1979), "Злосторство и казна" (1980), "Молскавици" (1980), "Дамоклов меч" (1983), "Иванов" (1984), "Ревизор" (1985), "Големиот брилјантен валцер" (1986), "Големиот скок" (1986), "Мајсторот" (1986), "Сурари" (1987), "Антица" (1988), "Пуста земја" (1989), "Галеб" (1990), "Жорж Данден" (1992), "Мортолозот" (1992), "Бунт во домот за старци" (1994), "Пат за Лихнидос" (1994), "Печалбари" (1996), "Пиликатник" (1997), "Отепувачка" (1997), "Идиот" (1998), "Писание" (2002), "Болва в' уво" (2007), „Царот Владислав" (2018).
Тој ги режирал следниве филмови: Човекот во црно, Бели памук - црвено предиво и Милион маченици.
Remove ads
Награди
Тој е добитник на следните награди:
- Награда за најдобра режија на МТФ "Војдан Чернодрински" за претставата "Смеа низ сокаците" (1969).
- Награда за најдобра режија на МТФ "Војдан Чернодрински" за претставата "Транвај наречен желба" (1970).
- Награда на Град Скопје "13 ноември" за претставата "Зајдисонце" (1971).
- Награда за најдобра режија на МТФ "Војдан Чернодрински за претставата "Тутунски пат" (1972).
- Награда за фестивачот Мали и експериментални сцени (МЕСС) за претставата "Злосторство и казна" (Сараево, 1972).
- Награда на фестивалот "Стеријино позорје" за драматизација на романот "Ѕидот и водата" (Нови Сад, 1974).
- Награда за фестовалот "Војдан Чернодрински" за претставата "Злосторство и казна" (Прилеп, 1981).
- Награда 11 октомври за претставата "Големиот брилијантен валцер" (1986).
- Награда за најдобра режија на МТФ "Војдан Чернодрински" за претставата "Сенката" (Прилеп, 1988).
- Награда за животно дело "Војдан Чернодрински" (2006).
Remove ads
Надворешни врски
- Бранко Ставрев на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Биографија на Бранко Ставрев, МТФ Војдан Чернодрински.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads