Брањате

село во Берско, Егејска македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Брањатеmap
Remove ads

Брањате или Брајнат (грчки: Νέα Νικομήδεια, Неа Никомидија, до 1953 г. Μπρανιάται, Брањатe,[2] Μπρανιάτας, Брањатас) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Брањате Νέα Νικομήδεια, Земја ...

Селото е познато по блиската населба од младото камено време — една од најстарите во Европа.

Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на околу 13 километри североисточно од градот Бер, на надморска височина од 25 метри.[3] Сместено е во Солунското Поле.

Историја

Селото во минатото била чиста македонска населба.[3]

Стопанство

Зголемувањето на бројот на жители низ текот на годините се должи на плодната почва и плодните обработливи површини, со кои располага селото и кои целосно се наводнуваат.

Населението произведува големи количества памук, овошје и други земјоделски производи. Покрај земјоделието, во селото е развиено и сточарството, особено одгледувањето крави.[3]

Население

К’нчов ја спомнува со 80 македонски жители, додека во 1913 година е забележана со 29, а во 1920 година со 53 жители. Оваа некогашна чифлигарска населба по 1923 година израснала во поголема населба, бидејќи тука биле населени 61 семејство на грчки бегалци од Никомедија, со вкупно 243 жители. Во 1928 година, селото имало 278 жители, во 1940 година 841, во 1951 година 880, во 1961 година 949, во 1971 година 877, во 1981 година 948, а во 1991 година 813 жители.[3]

Според пописот во 2001 година, селото имало 866 жители. Во најновиот спроведен попис во Грција во 2011 година, селото било забележано со 801 жител.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во општинската единица Апостол Павле со седиште во селото Микрогуш, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Брајнат, во кој се наоѓа само селото Брањате.

Културни и природни знаменитости

Неолитска населба

Thumb
Ископување на куќа во наоѓалиштето кај Брањате во јули 1963 година

Населбата од младото камено време во Брањате се наоѓа на околу 2 километри од самото село.[4] Претставува една од најраните познати наоѓалишта во Македонија, потекнувајќи од 6250-6050 п.н.е., претпоставувајќи дека имало население помеѓу 500-700.[5][6]

Била ископувана опширно во три фази (во 1961, 1963 и 1964) од страна на Р. Џ. Роден и неговата екипа.[7][8] Наоѓалиштето покрива подрачје од околу 1690 м² имал катни градби 12 на 12 метри; куќите во Брањате биле градени — како и повеќето градби низ младото камено доба во Егејска Македонија — од слама и кал на дрвена рамка.[7] Предмети кои биле откопани во наоѓалиштето биле „кремени сечила, камени скепари, глинени фигури, печати за украси на тело, други украси и камени алатки“.[7] Археолошките ископувања на древната населба, исто така, откриле глинени скулптури од заоблени жени.[9] Грнчарски, особено големи предмети, биле пронајдени во наоѓалиштето, некои високи и до 60 сантиметри и со зафатнина од 85 литри.[10] Местото првично се наоѓало на бреговите на Солунскиот Залив или веројатно на некое езеро или лагуна. До 1930-тите години, мочуриштето на Ениџевардарското Езеро ја покривало областа.[4]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads