Брезовица (Селце)

маало на селото Селце, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Брезовица (Селце)map
Remove ads

Брезовица (понекогаш нарекувано како Старо Село) — издвоено маало на селото Селце во Општина Тетово, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

До селото води локален асфалтен пат, кој започнува во градот Тетово.

Брезовица е издвоено маало („заселок“) на селото Селце. Тоа се наоѓа на левата страна од долината на Пена. Во минатото, водата за пиење се добивала од два извора, кои избиваат во непосредна близина на куќите.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Горен и Долен Орловец, Кабаш, Горна и Долна Брезовица, Габрија, Сенов Лаз, Брчкамен, Мачка Рупа, Љубанска, Лаз, Пуклина, Соколовец, Киша (Црква), Цареа Вода, Цара Гумно и Попоа Дупка.[2]

Маалото има разреден тип со куќи кои се меѓусебно оддалечени 200 до 300 метри.[2]

Remove ads

Историја

Постои традиција во околните села дека Старо Село првично било населено со христијански словенски родови. Во првата половина на XIX век, селото станало чифлиг на Абдурахман-паша од Тетово и тогаш тој повикал некои муслимански Албанци од Љусња во Северна Албанија. Поради нивното доселување и поради честите напади од Љума, староседелското христијанско население се иселило.[2]

Кога Старо Село било христијанско село, на месноста Попоа Дупка, се наоѓал манастир. Манастирот бил срушен доста рано, па затоа сега нема никакви остатоци од ѕидини. Во селото порано имало и црква. Таа се наоѓала на местото Киша, југоисточно од селото. На јужната страна од Старо Село (околу 400 метри) порано се познавале гробови на иселените староседелци. Месноста се нарекувала Цара Гумно.[2]

По иселувањето на христијанското население, муслиманските доселеници не сакале да живеат сами и затоа во втората половина на XIX век се префрлиле во соседното Селце. Поради тоа, Старо Село опустошело, но од 1910-тите повторно е обновено. Селото го обновиле дел од мештаните кои се одвоиле од своите задруги во пониското соседно село Селце.[2]

Старо Село никогаш не било повторно прогласено за село и се водело како дел од Селце.[2]

Remove ads

Стопанство

Атарот на маалото е заеднички со тој на Селце.[2]

Население

Јован Трифуноски во 1948 година запишал дека во селото живееле два рода со 10 домаќинства.[2] Неговото население се брои во населението на селото Селце.

Родови

Денес, во Старо Село живеат муслимански Албанци.[2]

Според истражувањата од 1948 година, родови во маалото се:

  • Албански родови: Љусњан (6 к.), името го добиле по местото на потекло од Северна Албанија. По покана на Абдурахман-паша од Тетово, нивните предци најпрвин дошле во првата половина на XIX век тука. Го знаат следниот родослов: Шаќир (жив, 46 години во 1948 г.)-Асан-Осман-Реџо-Селман, еден од преците кои се доселиле. Во втората на XIX век преминале во соседното Селце, а од 1910-тите години повторно се вратиле во Старо Село; Арнор (4 к.), името го добиле по селото Арни во Мирдита, Северна Албанија. Најпрвин дошле во соседното Селце, па од таму во 1910-тите дошле тука.

Во Старо Село има и привремени жители, најчесто сточари од Селце.

Remove ads

Самоуправа и политика

Старо Село или Брезовица никогаш не се појавува како самостојно село, туку како дел од селото Селце.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads