Селце (Тетовско)

село во Општина Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia

Селце (Тетовско)map
Remove ads

Селце — село во Општина Тетово, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Кратки факти

Издвоеното маало („заселок“) Брезовица, во чија близина се случил масакрот кај Вејце се наоѓа во атарот на селото.

Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Ова село се наоѓа во областа Долен Полог, во средишниот дел на подрачјето на Општина Тетово, недалеку од градот на неколку километри. Селце е сместено на југоисточната падина на Шар Планина.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 800 метри.[2]

До селото води локален асфалтен пат, кој започнува во градот Тетово.

Селце е големо село, сместено на левата страна од долината на Пена. Водата за пиење во минатото доаѓала од 12 бунари и 3 чешми, кои биле во селото. На атарот на селото избиваат изворите Нукире, Брес, Јамка, Рупав и Вене Ливад (Венетова Ливада).[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Лаз, Грабовец, Рупа, Жлеб, Рамниште, Плоча, Војно Ливад (Војнова Ливада), Јамка, Пиоравен, Требенице, Попоа Дупка, Милошев Јаор, Сврачица, Дубава, Круша, Враца, Братковец, Брест, Габрија, Плитиш, Ораше, Страње, Внеш, Вене Ливад и Цареа Вода.[3]

Селото има збиен тип и куќите се групирани во четири маала, кои се наречени Епр (Горно), Фаризе, Арнор и Фанда. Горното Маало го добило името по својата положба, додека другите по поглавните родови. Куќите се свртени кон југ.[3]

Remove ads

Историја

Во пишаните извори, Селце се споменува околу 1348 година, кога царот Душан го дал на манастирот „Св. Архангели“ кај Призрен.[3]

Првично, Селце било населено со православни Македонци. Поради доселувањата на муслиманските Албанци во XIX век, Македонците од Селце се иселиле. За некои македонски родови се знае каде точно се иселиле, но за многу од нив нема податоци, бидејќи во селото нема зачувани староседелци кои би го пренеле знаењето.[3]

Во минатото, додека Селце било населено со православно население, имало цркви. По кажување од мештани во Лавце, во селото имало седум цркви. Една се наоѓала на местото каде се селските лозја и кај ова црквиште мештаните ископувале икони и пари. Друга црква се наоѓала во непосредна близина на селото, до куќите на денешниот жител Изет. Трета црква била на месноста Спајиско Гумно. Четвртата црква се наоѓала во западниот дел, до куќата на денешните Шабанови. За останатите цркви не се знае каде се наоѓале.[3]

Името на селото и многуте топоними, Албанците ги наследиле од иселените словенски родови.[3]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото зафаќа површина од 14,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 766 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 452 хектари, а на пасиштата 170 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во него работат разни услужни објекти.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селце живееле 500 жители, сите Албанци муслимани.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било дел од Селечка општина со центар во Шипковица и имало 144 куќи со 760 жители, сите Албанци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 950 Албанци.[6]

Селото е големо, населено со албанско население. Тоа, во 1961 година имало 1.406 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 2.124 жители.[2]

Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Селце, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 2.538 жители, од кои 1 Македонец, 2.521 Албанец и 16 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.239 жители, од кои 2.149 Албанци, 1 останат и 89 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Денес, во Селце живее муслиманско население, кое по својата етничка припадност е мешано: словенско и албанско. Сите жители говорат албански.[3]

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Родови со словенско потекло: Билковци (4 к.), тие се староседелци. Најпрво биле православни, па потоа се исламизирале и албанизирале. Селаните од селото Лавце знаат дека тие скришно збореле македонски, и се крстеле.
  • Албански родови:
    • Родови во Горно Маало: Тоше (13 к.), доселени се од некое место во Северна Албанија. Овде се доселил основачот на родот Бектеш, по кој го добиле своето име (скратено и извртено). Тука живеат од почетокот на XIX век. Го знаат следното родословие: Реџеп (жив, 65 години во 1948 г.)-Бејтула-Џелил-Шабан-Бектеш, кој се доселил во селото; Бериша (8 к.), припаѓаат на фисот Бериша, по кој го добиле и своето име. Доселени се од Северна Албанија и дошле по родот Тоше и Дилак (23 к.), доселени се од Северна Албанија. Овде се доселиле на крајот на XVIII век, кога се доселил предокот Адил.
    • Родови во маалото Фаризе: Адилалар (15 к.) и Маналар (15 к.), потекнуваат од двајца браќа, Адил и Мана (поточно Исман). Нивниот татко се викал Фариз, по што е и добиено името на маалото. Доселени се од Северна Албанија на почетокот на XIX век.
    • Родови во маалото Арнор: Лапушалар (14 к.), по потекло од селото Арни во Мирдита, Северна Албанија. Основачот на родот кој се доселил се викал Курто и тука дошол на крајот на XVIII век. Го знаат следниов родослов: Алил (жив, 72 години во 1948 г.)-Нуи-Алил-Нуи-Курто, кој се доселил. Имаа огранка Арнор во соседното Старо Село (Брезовица); Села (13 к.), исто потекло и време на доселување како претходниот род. Родот го основал предок кој бил брат на Курто, основачот на родот Лапушалар и Јапалака (8 к.), исто потекло и време на доселување како другите родови. Родот бил основан од предок кој бил брат со основачите на претходните родови.
    • Родови во маалото Фанде: Фанде (5 к.), доселени се од областа Фанде во Северна Албанија. Овде живеат од почетокот на 1800-тите и го знаат следниот родослов: Сулејман (жив, 80 години во 1948 г.)-Јашар-Ариф-Мемет, кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово и Анадолија. Имаат истоимени роднини во селото Шипковица; Џеле (18 к.), доселени се од Северна Албанија и дошле во исто време како Фанде; Доќане (6 к.), доселени се од Ујмиште кај Љума во Северна Албанија. Основачот на родот се викал Шабан Доќан и Љусњан (2 к.), по потекло од Љусна во Северна Албанија. Од таму дошле на покана од Абдурахман-паша во првата половина на XIX век. Пашата прво ги сместил во соседното Старо Село, кај што добиле земја. Подоцна тие преминале од таму во Селце. Шест нивни семејства повторно се вратиле во Старо Село, каде имаат ниви.

До 1947 година, во Селце живееле и два ромски рода: Исмаилови (3 к.) и Ќамил (1 к.). Тие се иселиле во Тетово.

Иселеништво

Од старите православни родови кои живееле во селото се знае за родот Таварџијинци или Тетовјанци (21 к.), кои се иселиле во селото Селечка кај Тимок во Србија.[3]

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Селце било село во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Тетово, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Тетово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Тетово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Шипковица, во која покрај селото Селце, се наоѓале и селата Бозовце, Бродец, Вејце, Вешала, Гајре, Лисец и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Селце, во која влегувале селата Вејце, Лавце и Селце.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1996, 1997 и 1997/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.407 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.379 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[3]
  • Во минатото во селото имало дури седум цркви.
Џамии[16]
Споменици
  • Меморијален комплекс на ОНА со гробови и спомен-плочи во рамки на цела новоизградена тврдина[17]

Личности

Родени во или по потекло од Селце

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads