Брест (Скопско)
село во Општина Чучер-Сандево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Брест — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во северните предели на Скопска Црна Гора.
Историја
- Археолошки наоѓалишта
- Кале — доцноантички кастел спекула и збег;
Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 39 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 192 мажи муслимани, со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 386 жители.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брест живееле 240 жители, сите Арнаути[3] муслимани.[4]
Во 1913 година, селото имало 1014 жители. Било дел од Општина Бродец.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1250 Албанци.[6]
Remove ads
Население
На пописот од 2002 година, селото имало 569 жители, од кои 564 Албанци, 1 Ром и 4 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 278 жители, од кои 230 Албанци и 48 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Брест е албанско село.
Според истражувањата од 1941 година, родови во селото се.
- Доселеници: Муриз (60 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од северна Албанија. Припаѓале на фисот Бериша; Тенџер (55 к.) доселени се од северна Албанија кога и претходниот род. Исто така се од фисот Бериша; Мулија (42 к.) доселени се од северна Албанија. Припаѓале на фисот Красниќи; Малина (24 к.) доселени се од северна Албанија. Овде се доселиле преку Косово. Припаѓаат на фисот Шаља; Маслан (14 к.) доселени се во првата половина на XIX век. Припаѓале на фисот Бериша.[13]
Иселеништво
Ова село пред да стане албанско, било православно македонско. Стари иселеници од селото има во Трпеза кај Гнилане (Љубисав), Бинча во Горна Морава (Шорлиќи, Ѓуриќи, Илиќи, Милкиќи, Џојкини и Цајчиќи). Могила во Горна Морава (Пржиќи). Кучевиште (Рајчиниќи, Шегменовиќи, Црничани, Белинци и Шејкови). Како и во градот Куманово (Вацеве).[13]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads