Брештани

село во Општина Центар Жупа From Wikipedia, the free encyclopedia

Брештаниmap
Remove ads

Брештани — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Името на селото првпат е забележано во турски документи како Брештани во XV век (1467 г.). Името доаѓа од основата брест.[2]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово.[3] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 880 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 14 километри.[3]

Низ селото поминува регионалниот пат 2249.

Историја

Подрачјето на Брештани е населено уште од доцноантичкиот период, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]

Стопанство

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 2,7 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 93,1 хектар, на шумите отпаѓаат 77,3 хектари, а на обработливото земјиште 40,1 хектар.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 25 домаќинства со 48 жители муслимани (Турци).[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брештани живееле 300 жители, сите Турци.[6]

Селото е мало и во 1961 година броело 110 жители, од кои 109 биле забележани како Турци, а во 1994 година бројот останал речиси ист, односно 105 жители, населено со турско население.[3]

Според пописот од 2002 година, селото Брештани броело 120 жители, сите Турци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 104 жители, од кои 101 Турчин и 3 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Брештани е турско село.[13]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Сулолар (2 к.), Аламанлар (3 к.), Шаинлар (2 к.), Рахманлар (3 к.), Емролар (3 к.), Саиди-Беќирлер (4 к.), Сератли (4 к.), Тафоџалар (2 к.), Бајрамлар (4 к.), Камберлер (3 к.), Феролар (4 к.), Исаклар (4 к.), Чолак-Османлар (3 к.) и Мало-Спаи (5 к.), сите се доселени од селото Коџаџик кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Во Коџаџик имале роднини.

Иселеништво

До 1954 година, Турците од селото се иселиле во најголем број во Турција (12 семејства). И тоа во Адапазар (9 семејства) и во Истанбул (3 семејства).[13]

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Брештани било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0566 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 102 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
  • Влаи — средновековна населба и некропола;
  • Машатлак — средновековна некропола;
  • Долно Поличе — населба од доцноантичко време; и
  • Поличе — средновековна црква и некропола.
Џамии[17]
Реки[18]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads