Коџаџик

село во Општина Центар Жупа From Wikipedia, the free encyclopedia

Коџаџикmap
Remove ads

Коџаџик — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено на југозападната падина на планината Стогово.[2] Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 1.000 до 1.170 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 19 километри.[2]

Низ селото поминува регионалниот пат 2249.

Историја

Подрачјето на Коџаџик е населено уште од железното време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[3]

Името на градот пред освојувањето на Отоманско Царство во 1448 или 1449 година тоа беше Светиград. Се верува дека името Коџаџик потекнува од „Коџаџенк", што значи голема битка, бидејќи војната Меѓу Скендербег и Отоманско Царство се случила надвор од замокот.[4][5]

Селаните кои го прифатиле Исламот и го прифатиле турскиот идентитет за време на Отоманско Царство се уште се делумно познати како Торбеши.[6][7][8][9][10]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 12,6 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 741 хектар, на шумите отпаѓаат 213 хектари, а на обработливото земјиште само 28 хектари.[2]

Селото, во основа, има главно сточарска функција. Во селото работат услужни објекти.[2]

Население

Според отоманските дефтер од 1520-тите, во Коџаџик немало муслимани население. Сепак, муслиманското население се зголемило во следните години. Најверојатно дел од исламизацијата на Македонија под турско ропство.[7]

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 500 домаќинства со 218 жители христијани (Македонци) и 865 жители муслимани Турци.[11]

На својата етничка карта на Северозападна Македонија во 1929 година, Афанасиј Селишчев го означил Коџаџик како мешано македонско-турско (муслиманско) село.[12][13][14]

Според пописот на населението во Албанија од 1942 година, во Коџаџик живееле 578 муслимански Албанци.[15]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коџаџик живееле 1.250 жители, сите Турци.[16]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Турци.[17]

Иако селото е мало, има позитивен популациски биланс. Така, во 1961 година имало 110 жители, а во 1994 година 207 жители, турско население.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Коџаџик броело 275 жители, сите Турци.[18]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 146 жители, од кои 141 Турчин и 5 лица без податоци.[19][20][21]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[22]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[23]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[24]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[25]

Родови

Коџаџик е турско село.[26] Во студија спроведена врз имигранти од селата Елевци и Коџаџик во централниот округ на покраината Маниса, Турција, било утврдено дека селата Елевци и Коџаџик биле торбешки села.[27][28]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Стари родови: Ѓулчелер (2 к.), Салолар (4 к.), Топал-Скендерлер (4 к.), Коранлар (1 к.), Ѓулолар (5 к.), Шопелер (2 к.), Шемшилер-Амамџик (3 к.), Бешколар (2 к.), Струњак (1 к.), Дере-Аметлер (1 к.), Караумерлер (1 к.), Торолар (1 к.), Маторолар (13 к.), Есатлар (6 к.), Ѓалолар (3 к.), Голалар (4 к.), Садолар или Шаинлар (6 к.), Ефатлар (2 к.), Чартолар (5 к.), Сератли (3 к.), Вучелер (2 к.), Клаќелер (1 к.), Ајдин-Бајрактар (1 к.), Кумитлар (1 к.), Карафеизолар (1 к.), Голелер (3 к.), Осман-Пеливанлар (1 к.), Карадемирлер (2 к.), Туралар (1 к.), Кара-Адилар (1 к.), Пингалар (3 к.) и Пилелар (9 к.)
  • Понови доселеници: Шкодролар (6 к.), доселени се од околината на Скадар во Албанија во 1810 година, дошол прадедото на Ајдин (жив на 83 г. во 1954 година); Шпателер (1 к.), доселени се од некое место Шпат во Албанија во 1850 година; Бургазџилер (1 к.), доселени се од Бургас во Бугарија во 1878 година; Миминовци (1 к.), доселени се од селото Брештани во 1916 година и Миртолар (1 к.) доселени се од селото Горно Елевци во 1936 година.

Иселеништво

Од старото македонско население кое некогаш живеело во селото има иселеници во некои дебарски села.

Од турското население има иселеници во скоро сите муслимански села во Дебарско. Потоа во Струшко (Делогожди, Корошишта), Преспа (Ресен, Дрмени). Потоа турски иселеници има во Гостивар, Охрид, Скопје и Кичево. А највеќе во Турција преку 160 семејства иселени до 1954 година, и тоа во Адапазар (најголемиот број, каде се иселени 80 семејства), Ѓеракој крај Бурса(каде се иселиле околу 50 семејства), Истанбул, Измир, Одрин, Малгара, Бурса, Муратлија крај Одрин и други.[26]

Иселувањата на турското население од Коџаџик во Турција продолжило и после 1954 година.

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Thumb
Знак на влезот во селото Коџаџик

Кон крајот на XIX век, Коџаџик било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така седиште на некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0568 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[29]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 223 гласачи.[30] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 235 гласачи.[31]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Женски традиционални носии.
Археолошки наоѓалишта[3]
Џамии[32]
Споменици на културата
Remove ads

Личности

Родени во или по потекло од Коџаџик

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads