Бродоградилиште

место за изградба и поправка на бродови From Wikipedia, the free encyclopedia

Бродоградилиште
Remove ads

Бродоградилиште — место или претпријатие за изградба/поправка на бродови и други пловила.[1][2][3]

Thumb
Бродоградилиште во пристаништето Гдиња (Полска)

Земјите со големи бродоградежни индустрии вклучуваат Австралија, Бразил, Кина, Хрватска, Данска, Финска, Франција, Германија, Индија, Ирска, Италија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Филипини, Полска, Романија, Русија, Сингапур, Јужна Кореја, Шведска, Тајван, Турција, Виетнам, Украина, САД. Во Европа, бродоградбата е поделена меѓу бројни помали фирми, додека во Азија индустријата е сосредоточена кај неколку големи фирми. Многу поморски бродови се изградени или одржувани во бродоградилишта во сопственост или управувани од националната влада или морнарица.

Бродоградилиштата се изградени во близина на море или приливни реки за да им овозможат лесен пристап на нивните бродови. Обединетото Кралство, на пример, има бродоградилишта на многу од своите реки.

Remove ads

Историја

Најстарата градба што можеби била бродоградилиште била изградена околу 2400 г. пр. н. е. од цивилизацијата на долината Инд во Лотал, древен пристаништен град во денешен Гуџарат, Индија.[4][5] Бродоградилиштето на Лотал било поврзано со стара патека на реката Сабармати и било дел од трговскиот пат помеѓу градовите Харапа во Синд и регионот Саураштра. Во тоа време, делови од денешниот округ Кач биле поврзани со Арапското Море, поддржувајќи ја поморската трговија.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads