Бугарски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бугарскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенските јазици и е службениот јазик во Република Бугарија.
- Оваа статија е за современиот словенски јазик. За туркискиот јазик видете прабугарски јазик.
Remove ads
Особености

Бугарскиот јазик покажува неколку јазични иновации кои го одделуваат од другите словенски јазици - елиминација на падежни форми, појава на постпозитивен член, зачувување и понатамошно развивање на прасловенскиот глаголски систем и др. Овие особености ги дели со македонскиот јазик.
Бугарскиот јазик е дел од балканскиот јазичен сојуз, кој го вклучува македонскиот, грчкиот, романскиот и албанскиот јазик, и некои источни српски дијалекти.[се бара извор] Повеќето од овие јазици ги споделуваат одликите споменати погоре (постпозитивен член, губење на падежот, сложениот глаголски систем) и многу други.
Remove ads
Историја
Бугарскиот јазик има пет главни периоди:
- дописмен (прасловенски) - меѓу словенската инвазија (6 - 7 век) на Балканот и мисијата на светците Кирил и Методиј во Велика Моравија во втората половина на 9 век.
- ран или старословенски период, (9 - 11 век). Во бугарската лингвистика старословенскиот е познат уште и како старобугарски. Во македонската лингвистика, наспроти предлозите на неколку еминентни јазичари, терминот старомакедонски не е усвоен, туку се употребува меѓународно прифатеното име старословенски јазик.
- За почеток на старословенскиот јазик се смета создавањето на првата словенска азбука (глаголица) во 862/863 година од Константин-Кирил Философ (св. Кирил) и првиот превод на Библијата на јазикот на словенските племиња од околината на Солун.

- среден период (12 – 15 век). Во бугарската лингвистика познат како среднобугарски, кога Преславската рецензија била издигната на ниво на службен јазик на територијата на Второто Бугарско Царство.
- Во овој период старословенскиот јазик на Првото Бугарско Царство претрпел големи промени - елиминација на прасловенските падежни форми (но зачувување на глаголскиот систем) и појава на постпозитивен член (развитокот во другите словенски јазици бил обратен). Така бугарскиот јазик почнал да се издвојува од старословенската основа и развил неколку значајни рецензии како Преславската рецензија.
- Во овој период Бугарите, како и другите јужнословенски народи, биле под отоманско владеење и старословенскиот јазик се задржал само како јазик за црковна употреба.

- 'новобугарски - кон крајот на 18 век, но најголемите промени настанале во средината на 19 век. Претставници на преродбата, како Неофит Рилски, Васил Априлов и други, работеле на создавање на унифицирана граматика и правопис. Неофит Рилски, на пример, објавил „Болгарска граматика“ (1835), која била еден од првите обиди за систематизација на јазикот. За значаен датум се смета 1863 година кога за првпат Библијата е во целост отпечатена на новиот бугарски јазик, заснован на североисточните говори од околината на Велико Трново. Новобугарскиот јазик позајмил голем дел зборови од рускиот и црковнословенскиот, а многу од турските зборови били отстранети. Во втората половина на векот, реформатори како Марин Дринов (1870-те) предложиле поедноставен правопис, кој ги отстранил застарените букви (како ѫ и ѩ) и го приближил пишувањето до изговорот.
Историскиот развој на бугарскиот јазик може да се опише како премин од високо синтетички јазик (старословенскиот) кон типично аналитички јазик (новобугарскиот), со средна точка во овој процес претставена преку среднобугарскиот.
Remove ads
Азбука

Во 886 година Бугарија ја примила глаголицата, којашто била создадена од византиските мисионери[5][6][7][8][9][10][11][12][13] Свети Кирил и Методиј нешто по 860 година. Во идните векови глаголицата постепено била заменета со кирилицата, која била создадена во Преславската книжевна школа во почетокот на 10 век. За нејзин создавач се смета Климент Охридски.
Повеќето од буквите во кирилската азбука се земени од грчката; оние гласови што немале грчки еквиваленти, се претставени со опростени глаголски букви. Под влијание на печатените книги од Русија, руското граѓанско писмо на Петар I го заменило старословенското (среднобугарско) писмо на крајот од XVIII век. Неколку кирилски азбуки со од 28 до 44 букви биле користени во почетокот и до средината на 19 век за време на обидите за стандардизирање на новобугарскиот книжевен јазик. Азбуката со 32 букви предложена од Марин Дринов била прифатена во 1878 - 1879. Во 1945 беше пак кодифицирана азбука и сегашната бугарска азбука има 30 букви:
А а | Б б | В в | Г г | Д д | Е е | Ж ж | З з | И и | Й й [Ј] |
К к | Л л | М м | Н н | О о | П п | Р р | С с | Т т | У у |
Ф ф | Х х | Ц ц | Ч ч | Ш ш | Щ щ [Шт] | Ъ ъ [ə] | Ь ь [Ј] | Ю ю [Ју] | Я я [Ја] |
Примери
- Здравей/Здрасти/Привет! — Здраво!
- Добро утро! — Добро утро!
- Добър ден! — Добар ден!
- Добър вечер! — Добра вечер!
- Лека нощ! — Добра ноќ!
- Довиждане! — Довидување!
- Чао! (неофицијално) — Чао!, Пријатно!
- Как се казваш? (неофицијално) — Како се викаш?
- На колко години си? (неофицијално) — Колку години имаш?
- Как си? (неофицијално) — Како си?
- Как сте? (официјално, и уште како множинска форма) — Како сте?
- Какво правиш? (неофицијално) — Што правиш? Како си?
- Какво правите? (официјално, или множинска форма) — Што правите? Како сте?
- Добре съм — Добар/добра сум
- Всичко най-добро!/Всичко най-хубаво! — Сѐ најдобро!
- Поздравления!/Поздрави! — Поздрав!
- Честит рожден ден! — Среќен роденден!
- Весела Коледа! — Среќен Божик!
- Благодаря (официјално и неофицијално) — Благодарам
- Мерси (неофицијално, од француски) — Фала
- Моля — Молам
- Извинете! (официјално) — Извинете!
- Извинявай!/Извини! (неофицијално) — Извини!
- Съжалявам! — Жал ми е!
- Колко е часът? — Колку е часот?
- Говорите ли ...? — Дали зборувате ...?
- ...английски — англиски
- ...български — бугарски
- ...македонски — македонски
- ...сръбски — српски
- ...гръцки — грчки
- ...френски — француски
- ...немски — германски
- ...италиански — италијански
- ...испански — шпански
- Да — Да
- Не — Не
- Може би — Можеби
- Бира/Пиво — пиво
- Ще се видим скоро — Ќе се видиме наскоро
- Ще се видим утре — Ќе се видиме утре
- Ще ти се обадя - Ќе ти се јавам
Степенуване на прилагателни: / Степенување на придавки:
- Моята книга е интересна / Мојата книга е интересна.
- Моята книга е по-интересна от твоята / Мојата книга е поинтересна од твојата.
- Моята книга е най-интересна / Мојата книга е најинтересна.
Числителни: / Броеви:
Remove ads
Поврзано
- Бугарска азбука
- Бугарска книжевност
- Граматика на Бугарскиот јазик
- Фонологија на Бугарскиот јазик
- Романизација на Бугарскиот јазик
- Македонска транскрипција на Бугарскиот јазик
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads