Бјеловарско-билогорска жупанија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бјеловарско-билогорска жупанијаmap
Remove ads

Бјеловарско-билогорската жупанија (хрватски: Bjelovarsko-bilogorska županija) е административен регион во северозападна Република Хрватска. Во економски поглед, оваа жупанија е најсилна земјоделска жупанија во Хрватска.

Кратки факти Бјеловарско-билогорска жупанија Bjelovarsko-bilogorska županija, Главен град ...
Remove ads

Население

Бјеловарско-билогорска жупанија

Според пописот од 2001 година во жупанијата живееле 133.084 жители (3% од вкупното население на Хрватска) со просечна густина на населеност од 50 жители на км2. Етничкиот состав е следниот: Хрвати 82,6 %, Срби 7.1 %, Чеси 5,3%, Унгарци 0,9 % а останатите 4,1% и други. Во оваа жупанија живеат најмногу припадници на чешкото малцинство во Хрватска. Според пописот од 1991 година, етничкиот состав изгледал вака: Хрвати 67,88%, Срби 16,14%, Бошњаци, Албанци, Роми и останати 8,74%, Чеси 5,82%, Унгарци 1,40%

Бројот на жители низ годините

година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 1857
бр. на жители 133,084 144,042 149,551 157,811 167,599 170,651 166,485 173,597 162,453 163,039 150,825 130,901 101,420 95,981 84,893
Remove ads

Политика

Моментален жупан е Мирослав Чачија. Собранието се состои од 43 пратеници:

  • Хрватска Селска Партија (ХСП) 15
  • Хрватска Демократска Заедница (ХДЗ) 9
  • Социјалдемократска партија на Хрватска (СДПХ) 8
  • Хрватска Социјално Либерална Партија (ХСЛП) 4
  • Хрватска Народна Партија (ХНП) 2
  • Хрватски Блок (ХБ) 4
  • независен кандидат 1

Географија

Бјеловарско-билогорската жупанија се наоѓа во источниот дел на централното подрачје на Хрватске. На север се граничи со Копривничко-крижевачката, на североисток со Вировитичко-подравската, на југ со Сисачко-мославинската жупанија и на запад со Загребската жупанија. Опфаќа простор на четири карактеристични географски целини: Билогорје (северно и североисточно), граничните масиви Папук и Равна гора (источно), Мославачкото горје (југозападно), и долината на реките Чесма и Илова (западно, централно и јужно). овој регион се одликува со благи ритчиња и со речни долини кои поминуваат низ глинесто-чакалска низина. Населбите во жупанијата често се надоврзани една на друга, со што се формирани долги низи на села, долги и по неколку километри.[1]

Бјеловарско-билогорската жупанија зазема површина од 2.652 км2, што е 3,03% од вкупната површина на Хрватска и на нејзиното подрачје живеат 131,343 жители (според пописот од 2001 година), што изнесува околу 3% од населението во Хрватска. Средиштето на жупанијата е градот Бјеловар со 41.083 жители што сочинува 31,3% вкупниот број на жители на жупанијата. Бјеловар е политичко, културно и економско средиште на жупанијата.

Стопанство

На подрачјето на Бјеловарско-билогорската жупанија се наоѓаат значајни извори на нафта, земен гас, кварцен песок, глина и термални води. Во жупанијата најзастапено е производството на храна и сточарството, што резултира си значајно производство на млеко и месо. Освен земјоделство, во жупанијата е развиената прехранбената, дрвната, металопреработувачката и текстилната индустрија.

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads