Валана капа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Валаната капа — една од најстарите и најраспространети машки волнени капи во Македонија. Таа се изработувала во домашни услови и од домашен материјал. Нејзината големина се движела од ниска и плитка до исклучително висока. Исто така, можеле да варираат и формата и бојата, па затоа се среќава во различни варијанти: зарамнета или куполеста, изработена во бела, црна или кафеава нијанса. Покрај честата примена во народната носија на македонското население, ја носеле и Турците и Албанците. Името, исто така, варирало во зависност од местото каде што се носела. Во Скопска Блатија се нарекувала капче, во Дебарски Дримкол – шапче или капче, во Голо Брдо, Дебарско Поле и Река, кај Мијаците – валавка, во Мариово – валаница, кај исламизираните Македонци и Албанци – кече, а кај Турците-Јуруци во Радовишко – јин таке. Валаната капа често се носела обвиткана со бела или црна марама – чалма. Покрај нагласеното присуство во Македонија, била распространета и на поголемиот дел од Балканскиот Полуостров.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads