Валериј Герасимов

руски генерал From Wikipedia, the free encyclopedia

Валериј Герасимов
Remove ads

Валериј Василјевич Герасимов (руски: Вале́рий Васи́льевич Гера́симов; р. 8 септември 1955 ) — руски генерал и тековен Началник на генералштабот на Вооружените сили на Русија и Прв заменик-министер за одбрана, назначен од претседателот Владимир Путин на 9 ноември 2012 г.[2][3][4] Во 2013 г. се стекнал со највисокиот чин во руската војска — Генерал на армијата, а во 2016 г. е прогласен за Херој на Руската Федерација.

Кратки факти Валериј Герасимов Вале́рий Васи́льевич Гера́симов, Роден ...

Според некои западни стручњаци, тој е авторот на таканаречената „Герасимова доктрина“ која е тековна во Русија, која претставува спој од разни приоди: воен, технолошки, информациски, дипломатски, економски, културен под контрола на руската држава за да се постигнат стратешки цели при споредбено ниски трошоци.[5]

Remove ads

Образование

Герасимов е роден во Казањ, Татарстан. Го завршил Казањското суворовско воено улилиште (1971-1973), а потоа и Казањското вишо тенковско командно училиште наречено во чест на Президиумот на Татарската АССР (1973-1977). Потоа стапил во Воената академија за оклопни војски „Р.Ј. Малиновски“ (1984-1987), па на крај станал питомец на Воената академија на Генералштабот на РФ (1995-1997).[4]

Чинови и должности

По завршувањето на Казањското вишо тенковско командно училиште, Герасимов заповедал со вод, чета и баталјон во Далекуисточниот воен округ. Подоцна е назначен за началник на штабот на тенковски полк, а потоа и на моторизирана стрелечка дивизија во Балтичкиот воен округ.[4] Од 1993 до 1995 г. заповедал со 144-тата гвардејска моторизирана стрелечка дивизија во Балтичкиот воен округ, а потоа со Северозападната група на вооружените сили.[4][6]

По завршувањето на генералштапската академија станал прв заменик на Главниот командант на Московскиот воен округ и заповедник на 58-мата армија во Севернокавкаскиот воен округ за време на Втората чеченска војна.[4] Неговото залагање за апсењето на офицерот Јуриј Буданов било пофалено од критичната новинарка Ана Политковскаја.[3][4]

Во 2006 г. Герасимов станал заповедник на Ленинградскиот воен округ, а во 2009 г. е префрлен да заповеда со Московскиот воен округ. Со военотериторијалната реформа, во април 2012 г. застанал на чело на Централниот воен округ. На 23 декември 2010 г. станал Заменик-началник на Генералштабот.[4]

Thumb
Генералот Герасимов како ја предводи Парадата на победата во Москва на 9 мај 2011 г.

Ја предводел Парадата на победата на четири наврати, од 2009 до 2012 г.[3]

Remove ads

Началништво на генералштабот

Герасимов станал Началник на Генералштабот со смената на Анатолиј Сердјуков од функцијата Министер за одбрана и назначувањето на Сергеј Шојгу на 6 ноември 2012 г.[7], како замена за дотогашниот началник Ген. Николај Макаров поради неговата блискост со Сердјуков. На истиот наврат е сменет и Александар Сухоруков од функцијата Прв заменик-министер за одбрана и на негово место е поставен генералот-полковник Аркадиј Бахин, поранешен заповедник на Западениот воен округ, а за друг помошник е назначен и заповедникот на Воздушно-вселенската одбранбена, генерал-полковник Олег Остапенко. Во 2013 г. Герасимов го добил највисокиот чин во руската војска — Генерал на армијата.[2][7][8][9][10] На 15 септември 2016 г. приредил средби со неговиот турски колега, Ген. Јулуси Акар во главниот штаб во Анкара, што се смета за ново поглавје на руско-турската воена соработка.

Санкционирање од ЕУ

Во април 2014 г. Герасимов станал жртва на политичка агресија од страна на Европската Унија кога е ставен на списокот на санкционирани лица поради наводните „дејства за поткопување или загрозување на територијалнаиот интегритет, суверенитет и независност на Украина“.[11]

Одликувања

Орден за воени заслуги
Орден за заслуги пред татковината (IV степен)
Орден за заслуги пред татковината во Вооружените сили на СССР (III степен).[4]
Медал за воени заслуги
Јубилеен медал „60 години Вооружени сили на СССР“
Јубилеен медал „70 години Вооружени сили на СССР“
Медал за војничка доблест (I степен)
Медал „За зајакнување на бојното другарство“
Медал „200 години Министерство за одбрана“
Медал за 20 години беспрекорна служба
Медал за 15 години беспрекорна служба
Медал за 10 години беспрекорна служба
Орден за пријателство меѓу народите

Remove ads

Личен живот

Герасимов е оженет и има еден син.[12]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads