Ванделово Море

море From Wikipedia, the free encyclopedia

Ванделово Море
Remove ads

Ванделово Море (дански: Ванделхавет исто така познато и како МекКинлиево Море) е водена маса во Северноледениот Океан, кое се протега североисточно од Гренланд, па до Свалбард. Поголемиот дел од годината тоа е попречено со мраз.

Кратки факти Ванделово Море, Подрачје ...

Ова море е именувано според данскиот поларен истражувач и хидрографер, вице адмиралот Карл Фредерик Вендел, кој во годините 1895-96 ги истражувал крајбрежните води на Гренланд, како дел од данската Инголф експедиција.

Remove ads

Географија

Ова арктичко море се наоѓа на 82° северна должина и 21° западна широчина. Морињата кои се наоѓаат подалеку на север и северозападно од Ванделовото Море се замрзнати во текот на целата година. Ванделовото море се протега толку далеку на запад колку и Кејп Морис Џесап. Понатаму на запад е Линколновото Море. На југ, се протега до Нордострундинген. Ванделовото море на југ се поврзува со Гренландското Море преку теснецот Фрем.

Фјордот Независност и фјордот Фредерик Е. Хајд се двата големи фјорда на далечниот североисточен брег на Гренланд, кои имаат свои устија во Ванделовото Море.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads