Шпицбершки Острови
архипелаг во Северноледениот Океан From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шпицбершките Острови или Свалбард се група на острови во Северноледениот Океан, околу 635 км северно од Норвешка, а североисточно од Гренланд. Зафаќаат површина од 62,422 км2, а имаат околу 4,500 жители (главно Норвежани и Руси). Главно место е Лонгјир, важно пристаниште. Останати гратчиња се Грин Харбор и Нов Олесунд. Најголеми острови се Западен Шпицберген и Североисточниот Остров. Климата е арктичка, ублажена со топлата Голфска струја. Средната зимска температура е околу -18°С, а летната околу 6°С. Островите се претежно планински, а најголем врв е Њутновиот Врв, висок 1,717 m; се наоѓаат под многубројни ледници, длабоки фјордови. Богати се со камен јаглен. Од животните ги има белите мечки, ирвасите и поларните лисици.
Со Шпицбершкиот договор од 1920 година е призната сувереноста на Норвешка над архипелагот, кој од 1925 година станува составен дел од Норвешка.
Remove ads
Слики
- Планините Адвентопен и Хиортфјелет во Адвентфјордот, веднаш северно од Лонгирбјен
- Предупредувачки знак за поларна мечка на североисточната граница на Лонгирбјен
- Универзитетскиот центар во Свалбард (UNIS)
![]() | Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads