Васе Стојановски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Васе Стојановски
Remove ads

Васе Стојановски ( 1924 во Скопје 1944 во Долно Соње, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа работел како продавач во книжара. Како симпатизер на народноослободителното движење бил приклучен во помагањето на оружено востание против окупаторот. Извршувал важни задачи, собирал народна помош, бил снабдувач на печатарски материјали и делел илегални летоци. Во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада стапил речиси веднаш по нејзиното формирање. Бил поставен за политички делегат на вториот вод од третата чета. Учествувал во сите борби на бригадата против балистичките банди, сè до жестоката борба кај селото Долно Соње и Говрлево, каде храбро загинал. Неговите посмртни останки биле пренесени и погребани во скопските гробишта.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads