Долно Соње
село во Општина Сопиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Соње (познато и како Долно Солње) — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.

Remove ads
Географија и местоположба
Селото Долно Соње е сместено на јужната падина на Водно. Селото е дел од областа Каршијак. Оддалечено е 11,5 километри југозападно од Скопје.



Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.


Стопанство
Економијата во селото е на ниско ниво и се заснова на една фирма во која се вработени 15 работници, останатата економија е дел од сточарството и земјоделството. Луѓето се претежно вработени во фабрики и мал дел се во компании.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 46 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 153 мажи христијани, со 13 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 332 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 301 жител.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Соње живееле 410 жители, сите Македонци.[4] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Соње имало 384 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Соње живеат 689 жители, од кои: 678 Македонци, 2 Власи, 4 Срби и 5 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 793 жители, од кои 689 Македонци, 1 Албанец, 7 Власи, 9 Срби, 5 останати и 82 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Долно Соње е македонско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:
- Староседелци: Џуковци (2 к.), Каралковци (3 к.), Баревчиња (6 к.), Митревци (9 к.), Савевци (8 к.), Рустиковци (8 к.),Милевци (14 к.), Бардовчиња (8 к.), Марковци (5 к.) и Поповци (14 к.)
- Непознато потекло: Бужевци (4 к.), Бадаловци (2 к.), Китевци (3 к.), Соколовци (1 к.), Илиовци (6 к.), Стевановчиња (1 к.), Богдановци (6 к.), Пеќаковци (1 к.) и Димовци (3 к.) не знаат дали се староседелци, или доселени со непозната старина
- Доселеници: Тодоровциња (2 к.) доселени се од соседното село Барово. Таму имале истоимени роднини; Умаровци (7 к.) доселени се од селото Маврово кај Гостивар; Малезанои (11 к.) родот го основал Стојан Малезан. Тој се доселил од селото Добри Дол; Јовевчиња (2 к.), Алтивој (2 к.) и Зенговци (2 к.) не знаат од каде се доселени.[13]
Remove ads
Општествени установи
Општествени установи кои фукционираат во селото се:
- Основно училиште од прво до четврто одделение
- Амбуланта
Самоуправа и политика
Селото е администрирано под раководството на месната заедница, црковниот одбор и општината Сопиште.
Културни и природни знаменитости
Водопадот „Прскало“ знаменитост, постојка и одморалиште на велосипедската патека и другите патеки во склоп на пределот село Д. Соње - „Борчиња“.
Пределот „село Д. Соње - Борчиња“ е еден од најатрактивните предели на планината, создадени и оптстојани без човечка помош, речиси недопрени со исклучок на ловџиите.
Црквите се културно-историско-верско наслетсво кое опстанало со години. Постарите цркви се многу привлечни за странските туристи и делумно и за нашите. Црквите се привлечни бидејќи ја имаат зачувано својата автентичност со тоа што не се реконструирани,токму тоа наидува на позитивна оцена кај туристите.
Манастирите се споменици на културата и туристичко угостителски објекти. Од една страна тие се споменици, а од друга страна место за престој. Манастирите се посетуваат со многу цели од кои јас потенцирам некои: староста на објектот, староста на фреските, иконте и иконостасот, се доаѓа со цел да се преспие и да воспостави црковна медицина.
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Поткарпа — осамен наод од римското време;
- Св. Спас — осамен наод од римското време;
- Чешма — осамен наод од римското време.
- Цркви
- „Вознесение Христово“ — главната селска црква;[15]
Remove ads
Редовни настани
Личности
Родени во Долно Соње:
- Ефтим Боцевски (1897-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Димче Анчевски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Борис Панковски (1927-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Методи Додевски - Манак (?-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Вера Зафирова (1915-) — учесник во НОВ на Македонија
Иселеништво
Селето има имиграција и тоа луѓето што во минатото мигрирале во градот повторно се враќаат назад. Селото има голем број викендаши. Во минатиот век имало 2-3 семејства кој го напуштиле селото и заминале во Австралија.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads