Василе Николоски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Василе Ладомиров Николоски ( 1914 во Видрани — 12 февруари 1944 во Барбарос) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Remove ads
Животопис
Потекнувал од селско сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделие. Веднаш по окупацијата на Македонија, се определил за борба против окупаторот, така што преку воспитните групи во текот на 1943 година, тој станал член на КПМ. Работел доста активно, а во есента 1943 година, тој заминал како партизан во Кичевско - мавровскиот партизански одред, а со формирањето на Македонско - косовската бригада, станал нејзин борец. Со Бригадата, тој заминал за егејскиот дел на Македонија, во познатиот Февруарски поход. По борбите кај Богомила, се нашол во отцепената група на Август. На пат за Кичево, биле фатени од бугарските војници во селото Крапа и стрелани кај Барбарос, на 12 февруари 1944 година.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads