Видрани

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Видраниmap
Remove ads

Видрани — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Демир Хисар. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Стара куќа во селото

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, од десната страна на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 820 метри. Од градот Кичево е оддалечено 9 километри.[2]

Селото е мало и е сместено во сливот на Беличка Река. Куќите во селото се наоѓаат на тесна тераса, на надморска височина од околу 800 метри. Околни села се: Пополжани, Брждани, Свињиште и други.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Присој, Кутел, Рамниште, Павли Дол, Ограѓе, Влајиница, Рудиње, Кофенџица, Река и Темниште.[3]

Селото има збиен тип. Не постојат маала, бидејќи се работи за мало село.[3]

Селото се наоѓа во областа Долна Копачка, во долината на Беличка Река. Источно од селото се издига планината Баба Сач.

Remove ads

Историја

Околу селото се наоѓаат старини и карактеристични топоними, што укажуваат дека постоеле жители.[3]

Остатоци од старини се сретнуваат на месностите Врон и Крс, на кои се верува дека се наоѓале мали цркви. Во одредени ниви се ископани стари гробови со големи земјени ќупови.[3]

Видрани е старо село во Кичевско. Под истото име се споменува во турските пописни дефтери од 1476/77 година, како дел од Кичевската нахија и имало 9 словенски христијански куќи.[3]

Мештаните веруваат дека некогаш селото било поголемо и од разбиен карактер. Меѓутоа, кога дошле Турците, жителите на старото село се раселиле. На напуштениот атар на селото прв се населил некој Јован преку соседното Брждани, кој потекнувал од Елбасан, денешна Албанија. Тој е основачот на денешното село.[3]

На почетокот на XIX век, кога во Видрани живеел синот на Јован, Атанаско, имало обид од муслиманските Арбанаси да се населат во селото. Тогаш, дошло и до судир помеѓу Македонците и Арбанасите.[3]

Во XIX век, Видрани било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Remove ads

Стопанство

Thumb
Стар амбар во селото

Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 2,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 151,1 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 48,2 хектари, а на пасиштата 31,6 хектари.[2]

Селото, во основа, нема некоја значајна аграрна функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година, селото имало 2 домаќинства со 11 жители христијани (Македонци).[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Видрани имало 72 жители, сите Македонци.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Видрани имало 80 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Видрани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 7 куќи.[7]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Видрани:[8]

Повеќе информации Домаќинства, Гурбетчии ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Видрани е мало село и е доведено во фаза на целосно раселување. Така, тоа во 1961 година броело 101 жител, додека во 1994 година бројот се намалил само на 19 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Видрани живееле 8 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Видрани е македонско православно село.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1962 години родови во селото се:

  • Доселеници: Димовци (10 к.), Костадиновци (7 к.) и Ангелевци (1 к.) потекнуваат од предокот Јован кој го основал селото. Овде живеат од пред повеќе од 200 години. Како што е наведено и погоре нивното потекло е од околината на Елбасан во Албанија. Од таму се иселиле тројца браќа. Еден се населил во Видрани, а другите двајца во Свињиште и Брждани. Во родот Костадиновци го знаат следното родословие: Зарија (жив на 70 г. во 1962 година) Јован-Симјан-Костадин-Атанаско-Јован, кој се доселил од околината на Елбасан. Јован имал двајца синови, Атанаско и Стојан. Првите брачни врски помеѓу жителите на овие три рода се склопени во 1961 година, пред тоа брачни врски одржувале со жителите на околните села.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:

  • Доселеници: Спировци (4 к.), Костадиновци (5 к.), Цветановци (5 к.), Николевци (3 к.) и Марковци (1 к.) сите потекнуваат од предокот Јоан кој се доселил од соседното село Брждани.[15]
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Брждани, во која покрај селото Видрани, се наоѓале и селата Белица, Брждани, Јудово, Козица и Свињишта.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0760 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[17] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[19]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Поглед кон главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви[21]

Личности

Иселеништво

Се знае за пет иселени домаќинства од селото. Живеат во Кичево (3 к.), Белград (1 к.) и во Бугарија (1 к.).[3]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads