Василица (планина)

планина во состав на Пинд, на границата меѓу Егејска Македонија и Епир From Wikipedia, the free encyclopedia

Василица (планина)map
Remove ads

Василица (грчки: Βασιλίτσα) — планина во состав на венецот Пинд, на границата меѓу Егејска Македонија на исток и Епир на запад,[1] поточно општините Гребен (Македонија) и Коница (Епир).[2] Има и скијалиште со 18 патеки и 7 жичарници.[3]

Кратки факти Василица Βασιλίτσα, Највисока точка ...

Планината Василица е важно живеалиште за мечки, видри и диви кози,[4] и има вкупна површина од 13.562,9 хектари.[5]

Remove ads

Вегетација

Преовладувачката вегетација е особена за екосистемите на бука и средоземни четинари (црн бор , ела), ладнокрвни четинари (роболо) и воншумски екосистеми (субалпски ливади). Вековните роболи во зима прават формации со маглата во снегот, додека во лето си играат со сенки во алпската трева на Василица. Климата во областа на Василица е помеѓу континентална и средоземна.

Жичарници и скијачки патеки

  • Филип (1642-1825 м), со две среднолесни патеки и една многу лесна патека.
  • Александар Велики (1800–2113 м), со две тешки и две средни патеки.
  • Елимеја (1788–2060 м), со една средна, три среднолесни и една многу лесна патека.
  • Мидганис (1810–2034 м), со една средна патека.
  • Тимфаја (1744–2040 м), со две тешко-средни патеки и една средна патека.
  • Два бебешки лифта

Две од патеките се означени од МСФ како олимписки патеки.

Remove ads

Историја

Првата жичарница била изградена во 1975 година (Елимеја). Оттогаш, ски-центарот имал две големи проширувања, едното во 1993 година и второто во 2000 година.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads