20 ноември
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Ноември 2025 20 ноември — 324-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (325-и во престапна година). Остануваат 41 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1959 | Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот. |
| 1959 | Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхолм потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА). |
| 1970 | Излезе првиот број на „Екран“, како седмичен колор прилог на весникот „Нова Македонија“ за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март, 1975 година излегува одделно од „Нова Македонија“ како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада. |
| 1991 | Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17.11.1991 година. |
| 1993 | Авион од типот „Јаковлев 42“ на македонската авиокомпанија „Авиоимпекс“ се сруши во близина на охридскиот аеродром. Во несреќата го загубија животот 115 лица . |
| 1995 | Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната хелсиншка федерација. |
| 2001 | Во Тетово е официјално отворен Универзитетот на Југоисточна Европа. |
Родени:
| 270 | Максимин Даја — римски цар. |
| 1851 | Маргарита Савојска — кралица на Италија. |
| 1761 | Пиј VIII — римски папа. |
| 1902 | Назим Хикмет — турски поет. |
| 1902 | Џанпјеро Комби — италијански фудбалер. |
| 1906 | Живко Фирфов — македонски етномузиколог, педагог — диригент и музички деец. |
| 1916 | Васил Куноски — македонски поет за деца. |
| 1924 | Беноа Манделброт — француско-американски математичар, познат изучувач на фракталите († 2010) |
| 1925 | Маја Плисецкаја — руска и советска балерина. |
| 1925 | Роберт Кенеди — американски политичар. |
| 1938 | Тома Здравковиќ — српски фолк-пејач. |
| 1939 | Игор Мандиќ — хрватски писател, есеист и критичар. |
| 1945 | Патријарх Кирил — патријарх на Руската православна црква. |
| 1946 | Дјуан Алман - американски рок-гитарист. |
| 1953 | Халид Бешлиќ — босански фолк-пејач. |
| 1976 | Горан Станковски — македонски фудбалер. |
| 1979 | Бојана Поповиќ — црногорска ракометарка. |
| 1979 | Арпад Штербик — српски и шпански ракометар. |
| 1989 | Дмитри Житников — руски ракометар. |
| 1990 | Лука Степанчиќ —хрватски ракометар. |
| 1996 | Денис Закарија — швајцарски фудбалер. |
| 1998 | Никола Чумиќ — српски фудбалер. |
Починале:
| 1316 | Јован II — крал на Франција. |
| 1865 | Франческо Маноел да Силва — познат бразилски композитор. |
| 1894 | Антон Григорјевич Рубинштајн — руски клавирски виртуоз и композитор — основач на конзерваториумот во Петроград. |
| 1910 | Лав Николаевич Толстој — руски писател и општествен реформатор. |
| 1925 | Александра Данска — кралица на Обединетото Кралство. |
| 1944 | Јован М. Алексоски — македонски партизан. |
| 1947 | Волфганг Борхерт — германски поет. |
| 1975 | Франсиско Франко — шпански диктатор. |
| 1978 | Џорџо де Кирико — италијански сликар. |
| 2000 | Вјачеслав Котјоночкин — руски режисер и аниматор. |
| 2006 | Роберт Алтман — американски филмски режисер. |
| 2021 | Мерима Његомир — српска фолк-пејачка. |
| 2024 | Методија Стојков — македонски универзитетски професор. |
Празници:
- Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads