Васил Рингов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Васил Рингов (р. 17 април 1955 ) — македонски и југословенски поранешен фудбалер.

Кратки факти Васил Рингов, Лични податоци ...
Remove ads

Кариера

Роден во Струмица (НР Македонија, ФНРЈ), тој е сметан за еден од најдобрите македонски фудбалери досега, заедно со победникот на Златната копачка, Дарко Панчев. Тој започнал да игра додека сè уште бил тинејџер за Беласица Струмица, каде што после тоа се преселил во белградскиот гигант Партизан, но откако не добил многу шанса во Белград, се преселил во Втората југословенска лига во екипата на Тетекс каде подоцна станал главна ѕвезда на клубот. После две години, тој го привлекол вниманието на другиот македонски клуб во Втората лига, скопски Вардар. По одиграни две сезони, Вардар со помош на Рингов се вратил во Првата југословенска лига, каде настапувал во текот на поголемиот дел од осумдесеттите. Тој станал главен играч во клубот, настапувајќи до 1986 година на повеќе од 200 лигашки натпревари и постигнувајќи 93 лигишки голови. Во Скопје, Рингов го одиграл најголемиот дел од својата кариера, со исклучок на кратката полусезонска магија во Динамо Загреб, а близу крајот на неговата играчка кариера, уште една полусезонска магија, овој пат во Бтората бундеслига, во екипата на Ајнтрахт Брауншвајг.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads