Васко Панчаровски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Васко Панчаровски (Габреш, Костурско, 1932 - Торонто, 11 април 2009 ) ― канадски хуманист од македонска народност, еден од најголемите борци за македонските човекови права во дијаспората.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Панчаровски е роден е во село Габреш, Костурско во 1932 година. Ја доживува голготата на децата-бегалци од Граѓанската војна во Грција, жртви на грчкиот монархофашизам. Живеел во Чехословачка сè до доаѓањето во Канада, а дипломирал историја и географија на Универзитетот во Прага. Придонесот на Панчаровски во борбата за правата на Македонците во соседните земји е огромен. Тој во почетокот на 90тите години на XX век бил еден од основачите на Македонското интернационално движење за човекови права и иницијатор за формирање на Здружението на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија на северноамериканскиот континент. Починал во Торонто, Канада на 77 годишна возраст на 11 април 2009 година.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads