Ватрослав Облак

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ватрослав Облак
Remove ads

Ватрослав Ингациј Облак (словенечки: Vatroslav Oblak, Цеље, 15 мај 1864 - Цеље, 15 април 1896 ) — словенечки и австриски лингвист, славист и македонист.

Кратки факти Ватрослав Игнациј Облак <vr> Vatroslav Ignacij Oblak, Роден/а ...
Remove ads

Животопис

Облак своето образование го започнал во основното училиште во Цеље каде во истиот град го продолжил и гимназиското образование, но при крај го напуштил образованието поради заболување од туберкулоза. Наскоро го продолжил образованието, но поради несогласување со авторитетите се преселил во Загреб кога во 1886 година матурирал. Облак заминал за Виена каде студирал словенечка филологија. На 11 март 1891 се здобил со титула „доктор на науки“ каде и добил стипендија за да замине во Македонија и престојувал во Солун каде ги проучувал македонските дијалекти. Но турските власти го затвориле по што австрискиот конзул реагирал за да го ослободат и ја напуштил Македонија. По краток престој во Виена, тој повторно отпатувал но овој пат во Далмација каде го проучувал чакавското наречје.[1]

Remove ads

Творештво

По запишувањето на факултет започнал со издавање на списанието „Архива за словенска филологија“ и во 10 години напишал околу 150 статии. Го проучувал словенечкиот јазик и неговите дијалекти, дијалектите на хрватскиот јазик и македонските дијалекти. Значајно дело е „Македонските студии“ (Macedonische Studien) каде се обработени македонските дијалекти.[2]

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads